„Е“ Извештајот за ЕУ добри практитки е развиен како дел од проектот Спорт за Зелена Иднина, финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. Извештајот дава увид во клучните документи и регулативи развиени од Европската Унија и Обединетите Нации за важноста на еколошкото образование за здрава и одржлива иднина нагласувајќи ја улогата на спортот. Тој нуди поглед на главните предизвици со кои се соочува спортската индустрија услови на загадување. Следејќи го овој извештај, организациите ќе имаат можност да научат како да користат спорт како алатка за едукација и придонесуваат за заштита на животната средина.
Активностите на Вело Училишта во извештајот се претставени како добри практики за поттикнување инспирација. Велосипедот како главна алатка не се користи само за спортски активности, преку возењето велосипед зборуваат за загадениот воздух, транспорт, дружење и здравствени придобивки. Нивниот главен фокус е работата со деца од основно училиште, додека во моментов околу 40% од училиштата во земјава се дел од Вело Училишта. Активностите се прават на отворено, почнувајќи од едноставни вежби за загревање, возење велосипед, дискутирање за правилниот начин на возење велосипеди и едукација за животната средина.