Едноставни начини за проверка на вашиот велосипед во домашни услови

Велосипедизмот претставува економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на превозно средство. Идеален за кратки или умерени растојанија, со бројни позитивни придобивки по здравјето на луѓето. Претставува добра пракса, здрав живот, здрави животни навики за чиста и здрава животна средина. Меѓутоа претставува и идеално средство за релаксација и уживање. Без разлика на кој начин се користи, сопствениот велосипед е потребно да биде соодветно проверен и подготвен, пред да се почне со возење.

Со оваа активност, преку визуелен начин на учење и секако практичното учење, децата ќе имаат можност во домашни услови, следејќи ги едноставните начини, да го проверат својот велосипед, пред да започнат со неговото користење.

Како се спроведува самата активност:

  • Секој ученик е потребно да добие испечатен примерок од 7те едноставни начини за проверка на велосипедот во домашни услови.
  • Наставничката/кот може на глас да ги прочита пред целото одделение и да развие дискусија за секое правило поединечно со цел соодветно разјаснување.
  • Доколку е возможно истите овие начини можете и директно на лице место да ги спроведете. Потребно е само да имате минимум еден велосипед пред вас.

Едноставните начини за проверка на вашиот велосипед во домашни услови можете да ги превземете на следниот:

Потребни материјали:

  • Испечатен примерок за секој ученик од едноставните начини како да го проверат својот велосипед во домашни услови.
  • Велосипед (доколку имате можност и практично да ја покажете вежбата пред целото одделение).

Очекувани резултати:

После реализирањето на оваа активност, учениците ќе можат сами да ја извршуваат проверката на својот велосипед во домашни услови, секогаш кога ќе им биде потребно.

Времетраење на активноста:

30 минути

Дополнителни информации:

Споделуваме со вас и дополнителни линкови, кои може да ви послужат во спроведување на активноста:

https://www.bikeradar.com/advice/beginners-cycling-tips-25-essential-pieces-of-advice-for-new-cyclists/

https://www.rei.com/learn/expert-advice/bike-maintenance.html

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе