Со огромно задоволство Ви ја претставуваме првата образовна друштвена игра за енергетска ефикасност во Македонија.
Дали знаевте дека може да се забавувате и да научите нешто ново истовремено? Сега може тоа да го направите со нашата Еко Маало игра која ќе ве научи многу нови работи преку еден интересен и забавен начин. Се што треба да направите е да ја фрлите коцката и да се движите со пиончето според бројот на коцката.
Во нашата Еко Маало игра најважното нешто е градење на чиста животна средина, така што преку движење по улиците ќе имате можност да користите различни видови на транспорт и да ги откриете нивните маани и предности, но внимавајте, можно е и да се заглавите во сообраќајот! На патот кон Финишот, секој пат кога ќе стапнете на полето Еко Факт, вие ќе откриете нова и интересна информација за обновливи извори на енергија, и зошто е важно да внимаваме како ја користиме и трошиме електричната енергија! Нашето Еко Маало ќе ви покаже каде да се движите со цел да ја откриете важноста на заштитување на нашата животна средина, и како можеме да допринесеме за заштита на нашата планета.
Патот кон вашата цел е поле со многу интеракција и забава.
Споделуваме со вас и идеја како Еко Маало може да ја играте и во домашни услови. Едноставно, само да ја нацртате или испечатите платформата на поголем листа хартија или хамер доколку преферирате, обезбедите коцка и пиони, на помали листови хартија ги нацртате или испечатите и картичките кои се наоѓаат во истиот фолдер и забавата може да почне.
Забава + едукација= добитна комбинација за квалитетно исполнето време дома.
Еко Маало играта постои во печатена и дигитална верзија.
За повеќе информации за печатената верзија на играта, на следниот:
За играње на дигиталната верзија, на следниот: