Историја/Еволуција на велосипедот

Се сеќавате ли на она чувство кога за прв пат ги свртевте педалите на вашиот велосипед? Незаборавно чувство нели? Радост, возбуда, адреналин, ентузијазам, се само неколку од многуте емоции на кои сите се сеќаваме и навраќаме кога станува збор за возење велосипед. Меѓутоа ајде да започнеме со самата историја на велосипедот! Како и кога тој настанал, како се развивал и сл. Основните информации кои ќе ги дознаеме преку оваа активност се т.н. почетна точка, и цел за она што се вели унапредување на знаењето за возење велосипед.

Преку визуелен метод на учење и групна работа, децата ќе можат да дознаат малку повеќе за тоа како настанал и како еволуирал самиот велосипед, од почеток, до ден денешен.

Како се спроведува самата активност:

  • Оваа активност претставува една од основните информации за велосипедот. Како и кога настанал и каков бил неговиот развој и промена до ден денешен.
  • Уште на самото запознавање на учениците со темата велосипедизам можете да го гледате заеднички краткото видео и да поттикнете интересен разговор со нив.
  • Видеото можете да го пуштите на you tube каналот преку едноставно копирање на линкот од вашиот преносен компјутер, или само едноставно кликнете тука https://www.youtube.com/watch?v=E-U02-RWUPc&feature=youtu.be&ab_channel=MPORA
  • Од кога ќе ги изгледате сите видеа, можете да подготвите или поттикнете квиз со учениците, за кој ќе имате подготвено прашања како на пример: Во која година е направен првиот велосипед? Каде? И сл.

Потребни материјали:

  • Преносен компјутер
  • Пристап до интернет

Очекувани резултати:

Запознавање со основните информации за темата велосипедизам, и еволуцијата на велосипедот.

Времетраење на активноста:

20 минути

Дополнителни информации:

Споделуваме со вас и дополнителни видеа кои можете да ги гледате со вашите ученици :

https://www.youtube.com/watch?v=IHAbisv5m8U&feature=youtu.be&ab_channel=MilanSingh

https://www.youtube.com/watch?v=rNbUS6R64Fk&feature=youtu.be&ab_channel=HappyLearningEnglish

Поттикнете ги вашите ученици на разговор преку следниот пример на кратки прашања:

Дали видеото ви остави впечаток?
Што запомнивте?
Кој вид на велосипед го запомнивте или ви остави најголем впечаток?
Можете ли да го опишете тој велосипед? Итн…

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе