Итно запирање (запирање на мал простор)

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед, како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски и практично.

Со оваа активност учениците ќе можат практично да научат како да постапат кога е потребно итно да запрат со велосипедот или да запрат на мал простор.

Како се спроведува самата активност:

  • Кога е итно, секој што вози велосипед мора да запре најбрзо што може, без да изгуби контрола или да падне.
  • За спроведување на оваа активност најпрво се обележува стартната точка и крајната цел.
  • Учениците треба да почнат на стартната линија и да возат кон крајната цел, притоа приближувајќи се кон крајот тие не треба да вртат со педалите во моментот пред да закочат на крајната линија.
  • За поголема контрола на кочењето, учениците треба да ги испружат рацете и да си ја пренесат тежината наназад колку што можат повеќе.
  • Со педалите на позиција 3 и 9 часот, учениците се доволно подкренати да си ја пренесат тежината назад и да одржат баланс за педалите во ризична ситуација.
  • Имајте во предвид задолжително да има возрасна личност на крајот, пред самата цел, каде пристигнуваат учениците, во случај некој од нив да ја изгуби контролата при закочувањето и да падне.

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Креди за обележување
  • Конуси (опционално)

Очекувани резултати:

После спроведувањето на оваа активност учениците ќе бидат вешти при итно запирање, како и запирање на мал простор.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или други тврди предмети за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување.
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сопствените велосипедски вештини.
Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]

Прочитај повеќе