Избегнување на камења

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед, како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски и практично. Активностите кои ги споделуваме преку серијалот на активности за велосипедизам се одличен начин за учениците да ги унапредат сопствените велосипедски вештини во безбедна средина без сообраќај, додека истовремено се забавуваат и учат нови нешта.

Со оваа активност учениците ќе можат да го унапредат сопствениот начин на возење велосипед, а со тоа избегнувањето на камења или било која друга пречка на патот, како и одржувањето на контрола и баланс.

Како се спроведува самата активност:

  • Преку оваа активност, учениците со својот велосипед се доближуваат до пречка (нешто меко) или можеби некое мало камче и брзо се престројуваат со предните тркала за да не го удрат.
  • Тие учат за важноста на предното тркало за маневрирање околу пречки, и со тоа задните тркала ја преминуваат пречката, се избегнуваат опасности додека се на теренот.
  • На отворено, возејќи велосипед секој од нас имал прилика дека е потребно да избегнува камења, ѓубре, нечистотии или дупки. Затоа оваа вежба е практична како учениците да научат да ги избегнуваат дадените пречки најпрво во контролирана и ограничена средина како училишниот двор, за да ги истакнат сопствените вештини кога ќе возат на отворено и рекреативно.

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Креди за бележење на теренот
  • Конуси (опционално)
  • Желба за учење и унапредување на сопствените велосипедски вештини

Очекувани резултати:

После спроведувањето на оваа активност, одржувањето на баланс и контрола како велосипедски вештини ќе бидат подобрени кај учениците.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или други тврди предмети за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување.
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сопствените велосипедски вештини.
Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]

Прочитај повеќе