„Како вашите ученици пристигнуваат на училиште?“

Драги наставници,

Здружението Вело Училишта организира анкета во која ве кани на учество заедно со вашите ученици. Анкетата ја спроведуваме за да ги истражиме навиките, можностите и потребите на учениците за секојдневно патување до училиштето, што пак ќе ни помогне да ја подобриме нашата вело програма, како и да понудиме подобри решенија за транспорт. Предлагаме анкета да ја спроведете во сите одделенија во училиштето. Ве замолуваме да го пополните документот со сите одговори од едно одделение, броејќи ги одговорите на учениците со кревање на рака. Внимајте секој ученик да одговори на секое прашање. Нема „точни “ или „неточни“ одговори. Анкетата е наменета да нѝ ја отслика моменталната ситуација, без никаква квалификација.  Анкетата трае само неколку минути.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeLwnIBUxkG9MODMqj2YeCfwhnpYfZh2qQzmeXe06DB6tRn3A/viewform

Однапред ви благодариме за помошта

Автор Velo Schools

Вело новости

Овој месец носи охрабрувачки примери дека одржливата иднина е возможна – кога постојат визија, соработка и активни граѓани. На глобално ниво, COP30 започна со силна порака: претставен е првиот остров во Латинска Америка што ќе работи 100% на обновлива енергија – Фернандо де Нороња. Инвестицијата во соларна енергија и батериски системи е чекор кон целосно […]

Прочитај повеќе

Велосипедизмот, одржливоста и заедницата: Што се случува во светот и кај нас?

Во време кога климатските промени, квалитетот на живот и зелената транзиција се клучни теми, велосипедизмот се наметнува како едно од најмоќните решенија за поодржлива иднина. Последните глобални и локални вести, иницијативи и приказни покажуваат дека позитивната промена веќе се случува — и ние сме дел од неа. Глобални пресвртници: Светот се движи кон почиста иднина […]

Прочитај повеќе