2021
ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС
Денес повеќе од кога и да е, потребно е да ја разбереме климата – како и поврзаноста со екстремните временски услови. Нема сомнежи дека човековото влијание е главниот предизвикувач на глобалното затоплување.
Меѓутоа, сè уште може да го ограничиме глобалното затоплување, но за тоа е потребна трансформациска промена.
Во таа насока, по повод Европската недела на мобилност, Здружението на Граѓани Еко Логик, отвара:
„Повик за учество на литературен и ликовен конкурс“, со цел да ги увидиме размислувањата на учениците и истовремено да го потикнеме нивниот креативен и истражувачки дух на следните теми:
- Велосипедот од моите соништа
- Еколошки предизвици и решенија во мојата околина
- Јас како еко херој
Конкурсот е во две категории: литературен и ликовен
Почнува на 16.09.2021 и трае до 30.09.2021
Наградените творби ќе се објават на 08.10.2020 на:
veloschools.mk
https://www.facebook.com/veloschools
https://ecologic.mk/
https://www.facebook.com/EcoLogic.mk/
Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение
- Нема ограничување во изборот на техника на изработка на цртежи/ликовни дела, предмети (колаж, водени боици, предмети од пластика и хартија, пластелин и сл.)
- Нема ограничување во изборот на проза или поезија, како и во должината на самите творби.
Критериуми за учество за двете категории:
- Oригинални творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси;
- Секое дете има право да учествува со најмногу два труда;
- Kритериуми кои ќе бидат земени во предвид при оцена на ликовните творби:
- Начин на израз и оригиналност;
- Дело кое зборува и пренесува визуелна порака;
- Визуелен пристап и оргиналност;
- Детска енергија;
- Kритериуми кои ќе бидат земени во предвид при оцена на литературните творби:
- Соодветствување на литературната творба со дадените теми;
- Задржување на литературната форма на која ѝ припаѓа творбата (поезија или проза);
- Оригиналност и самостојност при пишувањето односно создавањето на творбата;
- Користење на македонски литературен јазик;
Творбите треба да содржат:
- Име и презиме на ученикот
- Име и презиме на наставник/ментор (доколку има)
- Паралелка, училиште и контакт податоци
Начин на достава на творбите:
- По електронска пошта: veloschools.ecologic@gmail.com- ликовните творби во квалитетна резулација во jpg формат или скенирани, додека литературните творби напишани со печатни букви во word формат поради разбирливост на ракопис.
- По пошта: Ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17 ( но имајте во предвид, пратката најчесто стигнува минумим два дена)
Избор на најдобри ликовни и литературни творби:
Жири комисија на „Еко Логик“, ќе оценува:
- Порака која се пренесува преку творбите,
- Креативност,
- Иновативност,
- Начин на изразување и сл.
Број на награди:
4 категории:
- Категорија од прво до петто одделение-за ликовни творби
- Категорија од прво до петто одделение-за литературни творби
- Категорија од шесто до деветто одделение- за ликовни творби
- Категорија од шесто до деветто одделение-за литературни творби