Дали знаете дека во тек е неделата на транспорт и климатски промени?
Да, токму оваа недела се одбележува неделата на транспорт и климатски промени каде се вклучени голем број на експерти, во размена на своите искуства и градењето на сопствените капацитети за мобилноста и транспортот, како и за климатските промени.
Мотото е едноставно: се обединуваат експерти и донесувачи на одлуки од целиот свет за да се олесни споделувањето на знаењето и вмрежувањето преку размена на персоналот и специјализирани работилници. Не само што се градат капацитети, туку се воспоставуваат значајни односи, кои се наоѓаат во основата на развојната соработка.
На овој начин, се воспоставува обид за создавање на доверба во можноста за промена на транспортот. Дека е можно да се промени транспортот на подобро.
Од првото одржување во 2017 година, Неделата на транспорт и климатски промени се воспостави како успешен формат што овозможува дијалог, соработка и размена меѓу земјите во развој и економиите што растат.
Неделата за транспорт и климатски промени 2021 година ќе ја поврзе транспортната заедница ширум светот отворајќи ја вратата за активно учество и покрај ограничувањата за патување и движење.
Во рамки на одбележувањето на неделата, денес 22 Јуни се одржува онлајн настан со наслов: „Активната мобилност да стане ново нормално во Источна Европа“. Покрај останатите презентери, на самиот настан со почеток од 15.30-16.30ч Никола Нешкоски, директор на невладината организација Еко Логик и основач на програмата Вело Училишта, ќе одржи инспиративен говор за самата програма Вело Училишта во Македонија како пример за најдобра практика за промовирање на одржлива урбана мобилност брзо и ефикасно.
За повеќе информации за неделата на транспорт и климатски промени на следниот линк: https://www.transportweek.org/