КОНКУРС

ПОВИК ЗА КРЕИРАЊЕ ВЕЛО СТРИП

Возењето велосипед е една од првите вештини која секој од нас ја искусил уште во најраното детство. Без разлика дали истата сме ја практикувале секојдневно или повремено, возењето велосипед претставува вештина која откако првично ќе ја совладаме останува до крајот на животот. Сигурно се сеќавате на она позитивно чувство кое го имавте кога за првпат седнавте на велосипед и ги свртевте педалите, а тој се придвижи. Чувства на леснотија, слобода и адреналин се оние чувства кои сите ние сме ги почувствувале при првото самостојно возење велоспед. Незаборавно.
Возењето велосипед може да се гледа од аспект на стекнување на една од основните животни вештини преку која децата ја подобруваат својата координација, добиваат осет за околината и нејзиното опкружување, но ја зголемуваат и довербата во сопствените способности. Возењето велосипед нуди можност за независност кај децата, а претставува и одржлива и еколошка опција за патување од точка А до точка Б. Истовремено, возењето велосипед претставува активност која носи физички и ментални придобивки.


Во таа насока, по повод 9 Мај Ден на Европа, Здружението на Граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта отвара „Повик за креирање на вело стрип“, со цел да увидиме што претставува самиот велосипед за децата и истовремено да го потикнеме нивниот креативен и истражувачки дух на следните теми:

  • Мојот велосипед-мојот најдобар другар
  • Kaко би изгледал мојот идеален велосипедски настaн?
  • Мојот град=вело град

Почнува на 09.05.2021 и трае до 28.05.2021

Наградените творби ќе се објават на 03.06.2021-по повод „Интернационалниот ден на возењето велосипед“ на:

https://veloschools.mk/

https://www.facebook.com/veloschools

https://www.facebook.com/EcoLogic.mk

Право на учество имаат ученици од прво до деветто одделение од основните училишта во Македонија:

  • Нема ограничување во изборот на техника на изработка на вело стриповите: молив, боици (дрвени, мрсни), темперни/водени бои.

Критериуми за учество за двете категории:

  • Вело стриповите треба да содржат приказна која е раскажана во врамени слики (слика по слика) кои можат да содржат текст по желба.
  • Приказната во повеќе врамени слики треба да биде претставена на една или максимум две А4 страни.
  • Доколку самиот стрип содржи текст, истиот е потребно да биде напишан со печатни букви поради разбирливост.
  • Oригинални творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси;
  • Секое дете има право да учествува со најмногу два труда;
  • Kритериуми кои ќе бидат земени во предвид при оцена на вело стриповите: Исполнување на сите горенаведени критериуми за креирање на вело стрип; Начин на израз и оригиналност; Дело кое зборува и пренесува визуелна порака; Визуелен пристап и оргиналност; Детска енергија;

Творбите треба да содржат:

  • Име и презиме на ученикот
  • Име и презиме на наставник/ментор (доколку има)
  • Паралелка, училиште и контакт податоци

Начин на достава на вело стриповите:

  • По електронска пошта: veloschools.ecologic@gmail.com (напишани со печатни букви, поради разбирливост на ракопис), скенирани.
  • По пошта: Ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17 ( но имајте во предвид, пратката најчесто стигнува минумим два дена)

Избор на најдобри вело стрипови:

Жири комисија на „Eко Логик“, ќе оценува:
Порака која се пренесува преку творбите, креативност, иновативност, начин на изразување и сл. ќе има улога во доделување –награди/сертификати.

Број на награди:

2 категории: според возраста на учениците: од I до V oдделение и од VI до IX одделение и
според видот на творбата ( односно, вело стрипови- категории: од I до V oдделение и од VI
до IX одделение)

*Повикот е поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје и Europe House.

ВЕЛО СТРИП

ПОБЕДНИЦИ

По повод интернационалниот ден на возењето велосипед 03.06.2021, а со огромно задоволство ги објавуваме резултатите од објавениот повик за креирање на Вело Стрип:

Категорија I-V одделение:

🥇(1 место добива: заштитна кацига): Мелани Антониевска-IV одделение ООУ„Тошо Арсов“-Штип
Ментор: Анастасија Петрова
🥈(2 место добива: маица+светла за велосипед): Сара Давчева-IV одделение ООУ„11 Октомври“-Скопје
Ментори: Сандра Толевска и Билјана Танеска
🥉(3 место добива: маица+шише за вода): Ландон Боллиер-I одделение ООУ„Крсте Мисирков“-Куманово
Ментор: Маја Пандуревиќ

👌 Пофалница: Берина Мргуда-III одделение ООУ„Рајко Жинзифов“-Горно Оризари, Велес
Ментори: Невенка Ѓошева и Даниела Тумбова

Категорија VI-IX одделение:

🥇(1 место добива: заштитна кацига): Сара Савова-IX одделение ООУ„Коста Рацин“-с.Брвеница
Ментор Лина Тренкоска
🥈(2 место добива: маица+светла за велосипед): Јана Даскаловска-VIII одделение ООУ„Петар Поп Арсов“-Скопје
Ментор: Александра Митровска
🥉(3 место добива: маица+шише за вода): Меланија Стевовска-VIII одделение ООУ„Братство Миѓени“-Тетово
Ментор: Лина Тренкоска

👌 Пофалници:
Павел Додевски: VIII одделение ООУ„Кузман Јосифовски Питу“-Скопје
Ментор: Зорица Вељаноска
Мухамед Демири-IX одделение ПОУ„Маца Овчарова“-Велес,
Ментор: Добрила Ефтовска
Петар Здравевски-VI одделение ПОУ„Маца Овчарова“-Велес
Ментор: Дијана Попанов
Давид Картиновски-VII одделение-ПОУ„Маца Овчарова“-Велес
Ментор: Кристина Јанковски

Дигитална категорија:

-за која бевме дополнително мотивирани од креативните ученици кои ни испратија стрипови во таква форма. Сите ученици кои се дел од оваа категорија се добитници на маица Вело Училишта:

🙋‍♂️Дамјан Андонов—VIII одделение ООУ„Ванчо Прќе“-Штип
Ментор: Анастасија Петрова
🙋Костадин Узунов-VI одделение ООУ„Владо Кантарџиев“-Гевгелија
Ментор: Анита Божинова
🙋‍♀️Дарија Секуловска-V одделение ООУ„Ј.Х.Песталоци“-Скопје
Ментор: Славица Гаврилова
🙋‍♀️Уна Масевска-V одделение ООУ„Киро Глигоров“-Скопје

👏Честитки до сите наградени и пофалени, Ви посакуваме уште многу многу успеси понатаму на секое поле. Продолжете да ја негувате вашата креативност и имагинација.

🙌 Огромна благодарност до сите учесници во овој повик, како и до нивните ментори и родители. Навистина ни зададовте тежок избор, да донесеме вистински решенија од повеќе од 100тина пристигнати творби.

Погледнете и уживајте!

Facebook Галериja