Пренесете ја вашата визија и имагинација, време е за нова креација!
Родители, деца и наставници,
Ajде да го искористиме слободно време на креативен, едукативен и забавен начин.
Како?
Здружението на граѓани „Еко Логик“, како здружение на кои едни од целите на дејстувување се: зголемување и унапредување на знаењето на децата за темите: велосипедизам, одржлив транспорт, аерозагадување и климатски промени, безбедност во сообраќај започнува со: Предизвик зa изработка на џебна сликовница.
Цел?
Будење на инспирација, до крајна реализација и креација
Преку оваа активност сакаме да го стимулираме детското ликовно и литературно творештво, преку изразување на личниот талент и споделување на идеите, размислувањата за здрава животна средина во иднина.
На кој начин?
За учество на овој предизвик потребно е да се подготви така нарачена џебна сликовница (без ограничување на бројот на страни, но да не е помалку од пет), преку следните опции:
–За дечиња од предшколска возраст до второ одделение-потребно е преку цртежи да доловат порака која сакаат да ја пренесат;
–За дечиња од трето до деветто одделение-преку цртање, но и со креиран текст треба да пренесат приказна која се “движи“. Односно, пример, од десната страна на сликовницата да биде цртежот, а од левата празна страна да биде наведен текст кој ќе го објаснува цртежот.
-Тимски-Групни сликовници-креирани помеѓу деца од неколку семејства – заедно правени (но, исклучиво работењето да е онлајн, никако директна комуникација ). Асистенција од родители е повеќе од добредојдена. Поврзувањето на цртежите и текстовите, преку онлајн алатки ќе овозможи истовремено и развивање на дигиталните вештини.
Следните линкови ќе ви дадат јасна слика за инструкциите погоре:
• Може да погледнете видео како изгледа џебна сликовница „Велосипедска приказна на
првачето Магде“
https://drive.google.com/open?id=1RgYbRwWUhOXqCnTki3TKAWe3t5v2ztTc
• Или пак може да погледнете фотографии на:
https://drive.google.com/open?id=1vMSHqEmjus8jFVhJlW9Osk-sCAy6TDCZ
Теми?
-Климатски промени. Како може да реагираме денес, за да немаме последици утре?
-Користење на велосипедот како начин за намалување на загадувањето
-Слободна тема, но во насока на заштита на животната средина.
Критериуми?
Нема ограничување во изборот на техника на изработка на цртежи/ ликовни дела,
предмети (колаж, водени боици, предмети од пластика и хартија, пластелин и сл). Доколку се
одлучите за предмети, потребно е да ги сликате ( jpg формат), во соодветни димензии за џебна
сликовница.
Творбите треба да содржат:
• Име и презиме на учесникот/ учесниците (може да се наведат и на самата корица од
џебната сликовница)
• Паралелка, училиште/градинка
• Контакт податоци
( Овие информации наведете во самата маил комуникација)
Начин на достава на творбите:
• По електронска пошта: veloschools.ecologic@gmail.com.
Цртежите да бидат сликани во квалитетна резулација во jpg формат или скенирани. Текстот да
биде пишуван со печатни букви (поради разбирливост на ракопис)
Рок на достава: Сè додека има инспирација
Награда? Најдобрите творби ќе имаат можност да бидат дел од литературно читање и ликовна
изложба во текот на годината или најдобрите ќе бидат објавени во публикација- Сликовница.
Додека сите пристигнати творби ќе бидат објавени онлајн на:
✓ Фб страна на Вело Училишта: https://www.facebook.com/veloschools/
Родители и наставници, мотивирајте ги вашите деца и ученици во создавања на креативни дела,
развивајќи ги нивните постоечки вештини.
Дечиња, пред вас стои начин за како да го исполните вашето слободно време. Искористете го!
Креативноста е заразна, само неа смееш да ја пренесуваш на сите
За дополнителни прашања може да не контактирате:
Андријана Зафировска, +389 77 560 382
Весна Павлова, + 389 76 577 070