Рачни сигнали

Употребата на рачни сигнали додека возите велосипед е од круцијално значење. Нивното учење и меморирање може да биде интересно и креативно, додека нивното практикување секојдневно и постојано додека возите велосипед.

Со оваа активност децата визуелно ќе се запознаат со рачните сигнали кои се употребуваат при возење на велосипед, и на практичен начин ќе имаат можност истите да ги употребат и меморираат.

Како се спроведува самата активност:

  • Оваа активност може да се релизира во училница и надвор од неа (училишен двор, спортско игралиште, парк, итн.).
  • Доколку активноста се реализира надвор од училница, потребни ќе бидат велосипеди и заштитни кациги за децата. Децата ќе може да се движат пешки или со велосипеди еден позади друг и да ги покажуваат рачните сигнали. Доколку одделението брои повеќе ученици, поделете ги во помали групи.
  • Доколку ја реализирате активноста во училница велосипеди и кациги не се потребни.
  • Наставникот ги покажува рачните сигнали со своите раце, на начин на кој е свртен со грб пред целото одделение.
  • Учениците е потребно да ги копираат истите движење на наставникот.

Потребни материјали:

  • Позитивно расположение
  • Рачни сигнали кои може да ги превземете погоре
  • Велосипеди и заштитни кациги доколку активноста ја спроведете во училишниот двор или на друго отворено место.

Очекувани резултати:

Учење и меморирање на рачните сигнали кои се употребуваат при возење на велосипед и практична примена во секојдневието.

Времетраење на активноста:

30-45 минути

Дополнителни информации:

Споделуваме и дополнителен линк, кој може да ви послужи во текот на спроведување на активноста:

https://blog.mapmyrun.com/10-cycling-hand-signals-need-know/

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе