Разнесувач на весници

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед, како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски и практично.

Активностите кои ги споделуваме преку серијалот на активности за велосипедизам се одличен начин за учениците да ги унапредат сопствените велосипедски вештини во безбедна средина без сообраќај, додека истовремено се забавуваат и учат нови нешта.

Со оваа активност учениците ќе можат да се подобрат во возењето на велосипед со една рака, како и одржувањето на контрола и баланс.

Како се спроведува самата активност:

  • Оваа активност е една од повеќето активности кои ги споделуваме за практично унапредување на велосипедските вештини, употребувајќи и доза на креативност и забава.
  • Активноста се вика разнесување на весници. За истата се потребни неколку картонски кутии, неколку свиткани весници и ташна за на рамо.
  • Потоа се поставуваат целите на теренот каде ќе бидат поставени картонските кутии и учениците треба да возат по теренот фрлајќи ги весниците на означените цели.
  • Оваа активност го подобрува балансот, координацијата, и возењето со една рака – и исто така е забавно.

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Ташна за на рамо
  • Весници
  • Корпи/кутии

Очекувани резултати:

Унапредување на сопствените велосипедски вештини: возење со една рака, контрола, одржување на рамнотежа и сл.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или други тврди предмети за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување.
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сосптвените велосипедски вештини.
Автор Velo Schools

Успешна Работилница на Темата Велосипедизам во Св. Климент Охридски – Драчево

Во училиштето Св. Климент Охридски – Драчево, ја реализиравме работилницата на тема велосипедизам, водена од Никола Нешковски. Оваа интерактивна обука беше дел од нашите напори да го промовираме одржливиот транспорт и здравите животни навики кај младите. Работилницата беше поделена на два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел, учениците добија основни познавања за типовите […]

Прочитај повеќе

Промовирана едукативна вело патека за деца и семејства во Пехчево

На Меѓународниот ден без автомобили, кој се одбележа во Пехчево, беше претставена нова едукативна содржина која ги поврзува љубовта кон природата, велосипедизмот и едукацијата. Едукативната Вело патека е поставена помеѓу градот Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, во соработка со „Еко логик“, „Вело Училишта“, основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, […]

Прочитај повеќе