„Simon says” / ,,Симе кажува“: Рачни сигнали ‘‘

Вовед:

  • Со оваа активност учениците ќе имаат можност да ги научат рачните сигнали кои се употребуваат при возење на велосипед. Преку веќе познатата игра „Simon says“ / ,,Симе кажува“, ќе имаат можност и преку практично покажување истите да ги меморираат.

Цели:

  • Учење и меморирање на рачните сигнали кои се употребуваат при возење на велосипед.

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Метод на разговор
  • Меморирање преку игра

Форми на работа:

  • Групна форма на работа 

Вид на активноста:

  • Со оваа игра учениците визуелно ќе се запознаат со рачните сигнали кои се употребуваат при возење на велосипед, и на креативен начин ќе имаат можност истите да ги меморираат.

Како се спроведува вежбата:

  • Оваа вежба може да се релизира и во училница и надвор од неа (училишен двор, спортско игралиште, парк, итн.). 
  • Доколку активноста се реализира надвор од училница, потребни ќе бидат велосипеди (и пожено/препорачано кациги) за децата. Доколку ја реализирате активноста во училница велосипеди и кациги не се потребни.
  • На почетокот наставникот треба да се информира дали секој од учениците ја знае играта ,,Simon says / Симе кажува“ и дали истата ја има играно претходно. Доколку учениците не се информирани за играта, на кратко може да ја изиграат. На следниот линк може да најдете неколку интересни примери како се игра: https://playtivities.com/30-funniest-simon-says-ideas/

Од кога ќе ја изиграте играта, треба на учениците да им ги објасните и визуелно покажете, рачните сигнали кои се употребуваат при возење на велосипед, преку покажување со вашите раце (а децата да ги копираат вашите движења), и преку визуелен приказ на рачните сигнали дадени како додаток на оваа вежба (видете Анекс или??.

На крај за да ги комбинирате, потребно е да изберете модератор, кој ќе ја води играта односно ќе биде Simon / Симе и ќе кажува што останатите ученици е потребно да направат. Во овој случај она што Simon / Симе ќе го кажува треба да биде одредена активност од типот: Simon says / Симе кажува: свртување лево!- сите ученици треба да го покажат рачниот сигнал кој укажува на свртување лево (доколку се во училница децата треба да покажат каков рачен сигнал следи за таа активност, но доколку ја реализирате активноста во училишниот двор, децата треба да возат велосипед и на дадена активност од Симе треба да дадат рачен сигнал и со својот велосипед да ја реализраат активноста. . Simon/Симе says: опасност на патот!-сите ученици треба да го покажат рачниот сигнал кој укажува на опасност од патот.

Компетитивен момент: доколку сакате играта д аја направите поинтересна, и во форма на натпревар може да го воведете принципот на исклучување по даден број на грешки (на приемр 3 грешки се дозволени), по што некој од учениците доколку згреши неколку пати при покажување на рачните сигнали, не продолжува со играта. Играта завршува кога ќе остане еден играч – кој е и победникот во истата. 

Коментар: наставникот треба да им ги покажува знаците свртен со грб накај нив? Од пзоади се гледаат истите….ова да се вметне некако, некаде. ДОполнително, нека паравт ВЕЛО ВОЗ, каде ќе одат едне пзоади друг пешки, или доколку имаат велосипед или велосиепди да симулираат знаци додека возат. Во помали групи од по неколку дечиња, или едне по еден. (ако имаат и можност за надвор) ова да се спомне некако, и некаде низ текстот.

Потребни матeријали:

  • Позитивно расположение
  • Рачните сигнали се визуелно прикажани на крајот од оваа дневна подготовка
  • Велосипеди и кациги (доколку играта ја реализирате надвор, во училишниот двор, спортско игралиште, или можеби локалниот парк).

Очекувани резултати:

  • Учење и меморирање на рачните сигнали кои се употребуваат при возење на велосипед и практична примена во секојдневието.

Времетраење на вежбата: 30-45 минути 

*дополнително во прилог на оваа активност ви ѓи испраќаме и рачните сигнали во посебен документ.

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?
Рачни сигнали.jpg
Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе