Соопштение до јавноста

Здружение на граѓани Еко Логик и Здружение Вело Училишта, ќе реализира два омилени вело настани за децата и родителите. Во петок, на 17-ти мај, на Памп трек, кај Олимписки Базен, Скопје од 18:00-21:00 часот ќе реализира возење на памп полигон кое ќе вклучува трка и изведба на трикови за деца и за млади.

За храбрите девојки и момчиња кои повеќе сакаат да прават трикови, скокови или едноставно го сакаат адреналинот на две тркала, ќе има натпревари oд типот на:
1 на 1
Бани Хоп
Џемање

Дополнително настанот ќе биде збогатен со забава со DJ Drazi Drags, парични награди, велосипедски награди ( резервни гуми, дуксери, пакетчиња за поправка на велосипеди итн.) и други изнендувања.
The bravest are the winners
На 18-ти мај 2024 (сабота) Градски Парк, Скопје (10:00-15:00 часот) ќе биде реализиран “Вело Родео“ настан кој е од отворен карактер и има за цел промовирање на велосипедизам, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца и млади. Главен фокус на настанот е насочен кон веќе претпознатливиот вело полигон, кој постојано се надополнува и надоградува од страна на експерти во оваа област, а во согласност со барањата и потребите на самите учесници – децата и младите.
Вело трка, бавна трка, баланс трка, правење еко експерименти, eдукативни игри, ликовни работилници, лего активности, музика, читање книги, играње извиднички игри, многу забава, смеа и убав ден поминат во Градскиот парк.

Автор Velo Schools