Свртување на свиоци

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски и практично.

Активностите кои ги споделуваме преку серијалот на активности за велосипедизам се одличен начин за учениците да ги унапредат сопствените велосипедски вештини во безбедна средина без сообраќај, додека истовремено се забавуваат и учат нови нешта.

Оваа активност им помага на учениците во развивање на својата контрола, баланс и координација.

Како се спроведува самата активност:

  • За да ја спроведете соодветно оваа активност потребно е да ги следите чекорите кои се наоѓаат во работниот дел (кој се наоѓа веднаш подолу со истиот наслов како и активноста). Во зависност од самата тежина на активноста, можете сами да одлучите дали некои од чекорите кои се посериозни или потешки за практикување да ги прескокнете и да ги направите само оние чекори во зависност од можностите и вештините на учениците за возење на велосипед.
  • Пред самото спроведување на активноста треба да се имаат во предвид следните мерки на претпазливост:

-За да се одбегне судар треба да има простор барем колку за 2 велосипеди еден зад друг помеѓу терените кои се спојуваат

-Следниот ученик со велосипед не смее да тргне додека претходниот не ја помине крајната линија

-Да се постават терените на таков начин за учениците да се оддалечени еден од друг на крајот на теренот

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Креди за бележење
  • Конуси (опционално)

Очекувани резултати:

После спроведување на оваа активност, учениците ќе имаат подобрени вештини за возење на велосипед и секако добро да се забавуваат додека возат.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или други тврди предмети за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување.
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сосптвените велосипедски вештини.
Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]

Прочитај повеќе