Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth.

Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на темите за одржлива мобилност, типови на велосипеди и нивна примена како и значајноста на редовното одржување на велосипеди.

Покрај младинските работници и наставници на тренингот беа присутни и партнерите на проектот со кои го одржавме последниот состанок во Скопје.

Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]

Прочитај повеќе