Trails of Change: Ново Erasmus+ патување за одржливо движење на отворено

Утре официјално го започнуваме Erasmus+ проектот „Trails of Change“со првиот Kick-off состанок, кој се одржува во Финска. Овој состанок го означува почетокот на една две и пол годишна соработка со проектни партнери од повеќе европски земји, обединети околу заедничка визија – одржливо, инклузивно и активно користење на просторот на отворено.

Во наредниот период, проектот ќе се фокусира на поврзување на природата, движењето и луѓето преку активности како планински велосипедизам, планинарење и планинско трчање. Овие активности не се само спорт, туку и моќна алатка за подигнување на еколошката свест, поттикнување на инклузијата и промоција на активна мобилност кај различни целни групи.

Kick-off состанокот во Хелсинки претставува можност за запознавање на партнерите, усогласување на проектните цели и активности, како и размена на искуства и добри практики. Во текот на двата работни дена, фокусот ќе биде ставен на градење силна меѓународна соработка и поставување цврсти темели за успешна имплементација на проектот.

Вело Училишта, како дел од овој проект, ќе придонесе со своето искуство во едукација, безбедно и одговорно користење на велосипедот и промоција на активни и одржливи начини на движење. Преку „Trails of Change“, целта е да се создадат нови пристапи и алатки кои ќе го направат движењето на отворено подостапно и попривлечно за сите.

Ова е само почетокот на една долгорочна приказна која носи нови идеи, партнерства и можности за позитивни промени. Во наредниот период ќе споделуваме новости и резултати од проектот, со надеж дека ќе инспирираме уште повеќе луѓе да се движат активно и одговорно во природа.

Автор Velo Schools

ЕДУКАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈ И АКТИВНА МОБИЛНОСТ КАЈ ОБРАЗОВЕН ПЕРСОНАЛ И УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА НИВО НА ОПШТИНА КАРПОШ

Проектот „Вело училишта – Безбедно и активно до училиште“ има за цел да ја зајакне културата на безбедност во сообраќајот и да ја поттикне активната мобилност кај учениците и наставниците во основните училишта на општина Карпош. Иако општината важи за една од најурбаните во Скопје, зоните околу училиштата се сè уште небезбедни за пешачење и […]

Прочитај повеќе

Училишни улици

Референца на проектот: 2024-1-HU01-KA220-SCH-000245303Акроним на проектот: School StreetДатум на почеток: 01.11.2024Времетраење: 24 месециДатум на завршување: 31.11.2026Координатор на проектот: Vuelta Sportegyesület (Унгарија)Партнерски организации: Velo Schools (Македонија), FUNDATIA COMUNITARA MURES (Романија), Voetgangersbeweging vzw (Белгија) Цел на проектот:Општата цел на проектот е да се имплементира сосема нова иницијатива во Унгарија, Романија и Македонија, која може да придонесе кон […]

Прочитај повеќе