Вело Меморија-учење на велосипедски делови

Деловите кои се составен дел на еден велосипед претставуваат важна и корисна информација во соодветното и правилно користење на велосипедот. Со оваа активност учениците се запознаваат со велосипедските делови и преку визуелен начин на меморирање успеваат да ги запомнат сите.

Како се спроведува самата активност:

Опција 1: Индивидуална

  • Наставникот преку својот преносен компјутер ги проектира вело меморија картите, со тоа што е потребно насловот на картите да биде покриен, за да може ученикот да го погоди делот од велосипед.
  • Во моментот кога ученикот ќе го даде својот одговор, се открива покриениот дел, за да се увиди дали одговорот е точен.
  • Потоа се открива друга карта која го носи истото име на делот, со подетални информации за самиот дел.

Опција 2: Групна работа

*за оваа опција потребно е наставникот/училиштето да ги има добиено физички вело меморија картите. За повеќе информации јавете се во Здружение на Граѓани Еко Логик или на следниот:

  • На самиот почеток наставникот го дели одделението во групи (максимален број на ученици во група=4)
  • Секоја од групите добива по еден шпил од вело меморија картите.
  • Картите се редат на клупа со зелената страна нагоре.
  • Во првиот круг, секој од учениците во групата врти само една карта и го меморира велосипедскиот дел од другата страна.
  • Веќе од вториот круг, секој од учениците врти по две карти.
  • Доколку спои две карти со ист велосипедски дел, ги зема кај себе.
  • Победник е оној ученик кој ќе има собрано најмногу велосипедски делови.

Опција 3: Индивидуална

  • Доколку е во согласност со нормите, правилата и прописите на наставникот/училиштето/одделението, секој од учениците може да ја симне бесплатно онлајн верзијата на играта Вело Меморија на својот мобилен телефон или таблет, и да ја игра индивидуално според дадените насоки.
  • Онлајн играта можете да ја побарате на Play Store како velomemory или веломеморија.

Потребни материјали:

  • Проектор+компјутер
  • Вело меморија карти (физички)
  • Вело меморија бесплатна онлајн игра (мобилен/таблет)

Очекувани резултати:

Запознавање и меморирање на велосипедските делови преку гејмификација.

Времетраење на активноста:

35-40 минути

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе