ВЕЛО РОДЕО

ШТО ПРЕТСТАВУВА

ВЕЛО РОДЕО?

Вело Родео претставува концепт на организирање на настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизам, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца деца од различни возрасти.

Концептот на Вело Родео е заштитен/патентиран од страна на Државниот завод за индустриска сопственост во Македонија, со донесено решение за признаено право под број: 29292

Главен фокус на настанот е насочен кон веќе претпознатливиот вело полигон, кој постојано се надополнува и надоградува од страна на експерти во оваа област, а во согласност со барањата и потребите на самите учесници – децата.

sun

Вело Родео 2020 - Пробиштип
kids-on-bike-1
Пеперутки
Вело Родео Лого

Како дополнителни активности од кои се состои концептот на настани Вело Родео, се издвојуваат едукативните игри креирани од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, одржлив развој и велосипедизам, како и креативните работилници кои ги водат познати уметници од Македонија.

Вело Родео настаните може да бидат од информативен и рекреативен
карактер, но исто така и од натпреварувачки карактер. Истите се дел од програмата Вело Училишта која ја реализира организацијата Еко Логик, во моментов во 29 општини и 138 основни училишта ширум Македонија.

Вело Родео 2020 маалски настан

Зошто Вело Родео?

Вело Родео настаните им овозможуваат на децата преку игра, забава и едукацијa да ја почувствуваат, но и пренесат пораката за придобивките од возење на велосипед на безбеден начин, без разлика дали се работи за спортски ориентирано, или возење со цел транспорт од точка А до точка Б – урбано возење.

Преку учество на Вело Родео настан, децата се стекнуваат со значајни вештини кои ќе им бидат од огромна корист при нивното движење на велосипед од дома до училиште, или до некоја друга дестинација, како на пример локалниот парк или планина.

Стекнување со вештини и знаење потребни за безбедно и ефикасно возење на велосипед во урбана и рурална средина;

ВЕЛО РОДЕО

ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ

Главен носител или “срцето“ на овој тип на настани.

Креирани од Здружението на граѓани Еко Логик, тестирани во голем број на основни училишта низ Македонија во кои главни теми кои се обработуваат се: велосипедизам, животна средина и одржлив развој.

Водени од докажани уметници, каде што најмладите творат со различни техники на слободна тема или пак на теми зададени од самите уметници.

Ликовни изложби со цртежи од деца, за деца – Во рамки на вело родео настаните, се реализираат т.н патувачки изложби. Автори на уметничките творби се ученици од основни училишта низ Македонија кои учествуваа на литературни и ликовни конкурси кои се организиараат секоја година преку програмата Вело Училишта.

Пораки и факти кои на интересен начин се изложени на самите настани на видливи места за да ги потсетува и едуцира учесниците во насока на велосипедизам, заштита на животната средина, енергетска ефикасност и одржлив развој.

Вело Родео

Што добиваат учесниците од учество на Вело Родео настан?

  • Зголемена свест и интерес за користење на велосипедот како алатка која овозможува и промовира еколошки транспорт, спорт и здрав начин на живот кај учениците, но и сите останати;
  • Стекнување со вештини и знаење потребни за безбедно и ефикасно возење на велосипед во урбана и рурална средина;
  • Основно знаење за поправка и одржување на својот велосипед;
  • Градење на став за одржливи заедници, во кои сите ја разбираат и практикуваат заштитата на животната средина;
  • Социјализација во време на дигитализација;
  • Запознавање со основни сообраќајни правила;
  • Eдукација преку игра и забава.
ТИПОВИ НА ВЕЛО РОДЕО

НАСТАНИ

Училишни настани

Овие настани се реализираат во училишни дворови каде што има соодветени услови. Повеќе за истите може да препознаете во продолжение на овој документ. Учесници на настанот се ученици од училиштето – домаќин или пак доколку се дојде до заедничка согласност (Еко Логик, Училиште, Општина) учесниците може да бидат и деца – ученици од околните училишта и општини.

Општински настани

Овие настани се случуваат во координација со претставници од општината во кои се одржуваат, и Здружение на граѓани Еко Логик на локација уврдена по заеднички договор, но најчесто во т.н централно подрачје, за да можат да се приклучат деца од различни делови и/или разни училишта од самата општина.

Maaлски настани

Целта на настаните е да се да се оживее духот на маалската дружба и игра. Истите може да се одржат во градско и рурално подрачје.

Вело Родео

Времетраење на Вело Родео настани

Целокупното времетарење на настанот (т.н. окупација на просторот) е околу 8 часа, со вклучено поставување (3 часа) и собирање на теренот и сите реквизити (2-3 часа).

Стекнување со вештини и знаење потребни за безбедно и ефикасно возење на велосипед во урбана и рурална средина;

Еден Вело Родео настан трае од 3 до 4 активни часови, во кои на учесниците им е понудена интекративна содржина од различен тип, при што учесниците секогаш си одат со насмеани и задоволни лица, и со желба настанот да се повтори.

Вело Родео настани

Критериуми за учество

Поаѓајќи од безбедноста на сите учесници на Вело Родео настаните, присуството и учеството зависи од серија на јасни критериуми што секој учесник е потребно да ги следи и почитува, без разлика дали се работи за физичко (деца, родители, наставници) и/или правно лице (училишта, општини).

Деца

Возраст: 3+ години, кои може да ги користат сите вежби на “баланс полигонот“, како и да ги посетат едукативните игри и креативни работилници;

Возраст: 7+ години, кои можат да користат одреден дел од вежбите на “вело родео полигонот“, и сите вежби на “баланс полигонот“, како и да ги посетат едукативните игри и креативни работилници. Забелешка: доколку организаторите на настанот сметаат дека одредени деца имаат знаење и вештини соодветни за поминување на сите вежби, тогаш може да се дозволи нивно учество и таму;

Возраст: 10 – 14 години, кои можат да ги користат сите вежби, дел од “вело родео полигонот“, како и да ги посетат едукативните игри и креативни работилници.

Забелешка: иако се работи за поголеми деца, доколку организаторот забележи дека некои од нив немаат доволно добро ниво на вело вештини и знаење, може да ги насочи само кон одреден дел од вежбите на “вело родео полигонот“; Задолжително носење на заштитна кацига, која може да биде сопствена или да биде изнајмена од страна на организаторот;

Велосипед во исправна состојба: пред самото влегување на “баланс полигонот“, како и на “вело родео полигонот“ на сите учесници ќе им биде направена основна проверка на нивните велосипеди со цел избегнување на несакани ситуации.

Доколку некој од учесниците има технички неисправен велосипед ќе може да изнајми велосипед на самиот настан, од страна на организаторот. Во спротивно, нема има можност да учествува на настанот со неисправен велосипед. Безбедноста е на прво место;

Забелешка: при изнајмување на кацига и/или велосипед задолжителен е потпис од родител и/или старател.

Учество на училишта во т.н училишни настани

  1. Да бидат активна Вело Членка – дел од програмата Вело Училишта, преку кои се спроведуваат активности кои ги унапредуваат темите велосипедизам и безбедност во сообраќајот. Во моментов Вело Училишта има 138 активни членки од 29 општини низ Македонија;
  2. Да обезбедат соодветен простор, кој може да биде училишен двор, спортско игралиште или слично, со активна површина од минимум 30 метри ширина и 40 метри должина. Доколку училиштето поседува простор со различни димензии од бараните треба да го контактира организаторот за да добие повратни информации дали тој простор ги задоволува минимум пропишаните услови за поставување на вело полигон и додатни реквизити;
  3. Да пријават и потврдат учество на минимум 5 наставници-волонтери кои ќе бидат присутни за целото времетраење на настанот, и кои ќе помагаат по дадени насоки од страна на организаторот; Да обезбедат потребни ресурси од типот на: клупи (минимум 5), столчиња (минимум 10);
  4. Да обезбедат озвучување преку кое организаторот ќе пушти музика соодветна за деца. Доколку училиштето не е во можност да обезбеди озвучување, навремено да го информира организаторот;
  5. Да обезбедат соодветно освежување за сите учесници (ученици, наставници, тимот на организатори, како и волонтерите);
  6. Да обезбедат средства за дезинфекција и заштитни маски за сите учесници;
  7. Да ја информираат надлежната општина за реализацијата на настанот.

Учество на Општини

  1. Да обезбедат соодветен простор, од типот на плоштад, парк и слично, со мнимум димензии на активна површина од минимум 30 метри ширина и 40 метри должина. Доколку општината поседува простор со различни димензии од бараните треба да го контактира организаторот за да добие повратни информации, дали тој простор ги задоволува минимум пропишаните услови за поставување на вело полигон и додатни реквизити;
  2. Да пријават и потврдат минимум 5 волонтери кои ќе бидат присутни за целото времетрање на настанот, и кои ќе помагаат по дадени насоки од страна на организаторот;
  3. Да обезбедат озвучување преку кое организаторот ќе пушти музика соодветна за деца. Доколку општината не е во можност да обезбеди озвучување, навремено да го информира организаторот;
  4. Да обезбедат соодветно освежување за сите учесници (деца, млади, родители, тимот на организатори, како и волонтерите);
  5. Да обезбедат средства за дезинфекција и заштитни маски за сите учесници;
  6. Да обезбедат потребни ресурси: клупи, столчиња и сл.
  7. Да обезбедат амбулантно возило (доктор, медицинска сестра, шофер) за целото времетрање на настанот;
  8. Да го информираат Министерствотото за внатрешни работи за самиот настан.

ОРГАНИЗИРАЈ ВЕЛО РОДЕО НАСТАН

Доколку сакате да Ве посетиме и организираме Вело Родео настан во вашето место на живеење, контактирајте не на следните меил адреси:

ecologic.mk@gmail.com
veloschools.ecologic@gmail.com

Вашиот интерес за учество во организирање на Вело Родео настан во вашето училиште и/или општина можете да го пријавите на следните меил адреси:

ecologic.mk@gmail.com
veloschools.ecologic@gmail.com

Доколку имате дополнителни прашања ве охрабруваме да ни свртите на следниов телефонски број: 078 365 902.

Ви стоиме на располагање во било кое време од денот.

ПОДРЖУВАЧИ