Децата знаат да играат, забавуваат и да ги остават телефоните настрана на неколку часа! Тоа ни го потврдија учениците од ООУ„Гоце Делчев“ , Неготино, домаќини на денешното Вело Родео, заедно со нивните врсници од ООУ„Пере Тошев“, Росоман и ООУ„Димче Ангелов-Габерот“, Демир Капија. Потребно е само им се понуди квалитетна содржина и да се задржи фокусот на нивното внимание. Задоволни, насмеани ученици кои меѓусебно ги докажуваа нивните вештини поврзани со возење велосипед, но од друга страна, мотивирани и исполнети наставници. Тоа е денешната слика од Неготино.