И најавениот дожд во Велес, не не спречи да реализираме одличен Вело Родео настан во Младинскиот парк. Покрај ученици од градот- домаќин, допатуваа и од ОУ„ Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје; ООУ„Петар Поп Арсов“, Богомила и неговото подрачно училиште во село Извор.Младинскиот парк беше исполнет со дружба, забава, едукација, смеа и многууу возење велосипед.Присутните имаа можност да се пријават на акциите на локалните групи за чистење, на штандот „За чисто како дома исто“ – кампања за поддршка на еко-активизмот на Делегацијата на Европската Унија.„Кога ќе дојдете пак кај нас?“ – најчестото прашање кое го слушавме во текот на изминатите денови на Вело Родео Турнејата. Токму тоа најмногу не радува и охрабрува во поставената цел.
Вело Родео-Велес
![](https://i0.wp.com/veloschools.mk/wp-content/uploads/2020/10/119092356_654015238861189_4944775711840294052_n.jpg?fit=960%2C712&ssl=1)
![](https://i0.wp.com/veloschools.mk/wp-content/uploads/2020/10/119092356_654015238861189_4944775711840294052_n.jpg?fit=960%2C712&ssl=1)