Велосипедски делови

Велосипедските делови се значајна и важна компонента на еден велосипед. Учењето на истите е круцијален момент за правилно и секојдневно користење на велосипедот.

Преку метод на учење и разговор, работа во групи или индивидуално, децата ќе имаат можност одблиску да се запознаат со велосипедските делови преку едноставно решавање на повеќенасочниците.

Како се спроведува самата активност:

  • Наставникот го дели одделението во групи.
  • Секоја група добива примерок од двата повеќенасочници (со 10 и со 20 зборови)
  • Учениците треба да ги пронајдат зборовите кои означуваат велосипедски делови.
  • Активноста може да се спроведе и индивидуално, каде секој ученик посебно ги пронаоѓа зборовите во двата вида на повеќенасочници.

Повеќенасочниците можете да ги превземете на следниот:

Потребни материјали:

  • Примерок од повеќенасочниците (10/20 зборови)
  • Молив/пенкало

Очекувани резултати:

Подобро запознавање и учење на велосипедските делови.

Времетраење на активноста:

20-25 минути

Дополнителни информации:

Споделуваме со вас и дополнителни линкови кои можат да ви послужат во спроведувањето на активноста:

https://blog.pitsco.com/blog/how-do-bicycles-work-the-science-behind-this-simple-machine

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_bicycle_parts

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе