Велосипедски делови 2

Велосипедските делови се значајна и важна компонента на еден велосипед. Учењето на истите е круцијален момент за правилно и секојдневно користење на велосипедот.

Повторно имаме активност за велосипедските делови, преку која со метод на учење, разговор и визуелизација децата ќе имаат можност за нивно совладување и меморирање.

Како се спроведува активноста:

  • Активноста може да се спроведува индивидуално или групно.
  • Учениците добиваат примерок од темплејтот со прикажан велосипед. Велосипедот е нумериран и секој велосипедски дел е означен со број.
  • Во самиот темплејт се наоѓа и табела во која наизменично се вметнати велосипедските делови.
  • Учениците е потребно да ги пронајдат и вметнат соодветните зборови (велосипедски делови) во нумерираните полиња од табелата.

Темплејтот можете да го превземете на следниот:

Потребни материјали:

  • Примерок од темплејтот за секој ученик
  • Молив/пенкало

Очекувани резултати:

Совладување и меморирање на велосипедските делови

Времетраење на активноста:

30 минути

Дополнителни информации:

Мотивирајте ги вашите ученици да споделуваат информации за секој дел од велосипедот и неговата намена:

За што служат кочниците на еден велосипед?

Дали знаете колку видови на педали постојат и од кој материјал се направени?

Со помош на кој велосипедски дел го одржуваме правецот на возење? и сл.

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе