Велосипедски сообраќајни правила

Безбедноста на велосипедистите во сообраќајот е поделена и заедничка одговорност на сите учесници во истиот, но пред се, тоа е одговорност на велосипедистите како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Со оваа активност Ве потсетуваме на најважните сообраќајни правила што велосипедистите треба да ги знаат и што треба секојдневно да ги применуваат. Преку аудитивен метод на учење, децата ќе имаат можност да се запознаат со основните сообраќајни правила што секој велосипедист треба секојдневно да ги применува. Меморирање на велосипедските сообраќајни правила е од круцијална важност за одржување на безбедноста во сообраќајот.

Како се спроведува самата активност:

  • Наставникот ги чита на глас сите велосипедски сообраќајни правила и поттикнува разговор и дискусија со целото одделение за соодветно разбирање на секое правило поединечно.
  • Препорачуваме да секој ученик добие испечатен примерок од велосипедските сообраќајни правила и истиот го сподели со своите родители.

Потребни материјали:

Испечатен примерок од велосипедските сообраќајни правила за секој ученик во одделението.

Очекувани резултати:

Учење/меморирање/соодветно секојдневно практикување на велосипедските сообраќајни правила.

Времетраење на активноста:

30 минути

Дополнителни информации:

Споделуваме и дополнителни линкови, кои ќе ви послужат во текот на спроведување на активноста:

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе