Велосипедско дефиле-Аеродром, Скопје

Кога?

29.03.2021-понеделник

Каде?

ООУ„Ѓоргија Пулевски“

Време: 11:00-12:30 часот

На покана на основното училиште Ѓоргија Пулевски во општина Аеродром, Скопје, кое е активна членка на мрежата на Вело Училишта организиравме велосипедско дефиле заедно со ученици од сите општински училишта на територијата на Општина Аеродром. Дефилето беше одржано во знак на почетокот на пролетта, како и користењето на новата велосипедска патека во близина на училиштетото.

Пред самиот почеток на дефилето со сите ученици кои беа присутни ги повторивме рачните сигнали кои се користат додека возиме велосипед.

Еко Логик како организација која е креатор и имплементатор на образовната програма Вело Училишта, која успешно се реализира во над 150 основни училишта во Македонија, секогаш укажува и апелира на безбедно возење велосипед преку користење на рачни сигнали, употреба на заштитна кацига, како и на познавање на основните сообраќајни правила, без разлика дали го користиме велосипедот како превозно или рекреативно средство.

Автор Velo Schools

Велосипедизмот, одржливоста и заедницата: Што се случува во светот и кај нас?

Во време кога климатските промени, квалитетот на живот и зелената транзиција се клучни теми, велосипедизмот се наметнува како едно од најмоќните решенија за поодржлива иднина. Последните глобални и локални вести, иницијативи и приказни покажуваат дека позитивната промена веќе се случува — и ние сме дел од неа. Глобални пресвртници: Светот се движи кон почиста иднина […]

Прочитај повеќе

Повик до сите Вело членки: Вклучете се во изборот за „Вело училиште на месецот“

Европската недела на мобилност (16–22 септември) е време кога цела Европа заеднички го слави одржливото движење. Темата за 2025 година – „Мобилност за сите“ – го нагласува правото на секој поединец да има безбеден, достапен и еколошки начин на транспорт. Во таа насока, Вело Училишта го објавува повикот за избор на „Вело училиште на месецот“ […]

Прочитај повеќе