Денес, во Пехчево ја започнавме новата учебна година на еден поинаков и динамичен начин – со настанот Вело Родео. Настанот беше одлична можност за децата и младите да се вклучат во активности кои ги поттикнуваат на физичка активност, тимска работа и креативност.
Дел од активностите што ги реализиравме беа:
- Вело полигон за подобрување на вештините
- Совети за проверка и одржување на велосипеди
- LEGO активности за поттикнување на креативноста и логичкото размислување
Со ова, ја отворивме сезоната на дружење и учење на велосипед, а нашата приказна на тркала продолжува понатаму.
Следната станица е Кочани, во рамки на Европската недела на мобилност 2025.
Детали за настанот:
Дата: 19 септември
Време: 18:00–20:00 часот
Локација: Градски парк – Кочани
Голема благодарност до сите учесници за прекрасната енергија, како и до Општина Пехчево за поддршката.


























