На 20.09, преку Вело Училишта, во соработка со Општина Кочани, организиравме велосипедски настан за деца и родители во градскиот парк во Кочани. Овој настан беше уникатна прилика да ги едуцираме најмладите во поглед на одржливата мобилност и да создадеме заедничка визија за улиците што сакаме да ги видиме во нашите градови.
Целта на настанот беше да се поттикне свеста за различните типови на одржлива мобилност и да се иницира дијалог за подобрување на инфраструктурата за пешаци и велосипедисти. Со помош на лего коцки, децата имаа можност да дизајнираат безбедни улици и зелени населби, создавајќи простори по нивна мерка.
Во рамките на настанот, организиравме и полигон за возење, кој го користиме за секој наш ВЕЛО РОДЕО. Учесниците имаа можност да вежбаат правилно тргнување, застанување, свртување и други вештини, а исто така и да се натпреваруваат меѓу себе. Забавата беше незаборавна, а децата се вратија дома со нови знаења и искуства.
Настанот беше дополнително обогатен со присуство на РСБСП (Сепублички Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата), кои организираа едукативна презентација за безбедноста во сообраќајот.
Голема благодарност до BIKE CENTER Кочани, кои се погрижија најмладите учесници да добијат одлични награди, што го направи настанот уште позабавен и мотивирачки.
Овој настан е дел од проектот BEYOND THE URBAN, поддржан од ЕУ. Се надеваме дека нашата иницијатива ќе продолжи да расте и развива, а сите учесници ќе се видиме повторно набрзо! Заедно можеме да создадеме побезбедни и позелени градови за сите.
Сите фотографии се достапни на https://photos.google.com/share/AF1QipPoFKtFLLSMma9XiyK0eDnef60qFKWZC2Q2gvrwLbRotZF5ZrAJqTNoGpG2HkfgHg?key=UnAwcUp6TnpnQTQ4eVNfZ1FqeHVWb2xVN084Q0Z3