Каде е Велосипедистот?

„Каде е велосипедот?“

-учиме за просторот помеѓу велосипед и автомобил

Вовед:

  • Со оваа активност, учениците ќе се запознаат со основните информации околу потребниот простор помеѓу еден велосипед и еден автомобил како учесници во сообраќајот.

Цели:

  • Учење за потребниот просторот помеѓу велосипед и автомобил.

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Креативен метод на учење

Форми на работа:

  • Индивидуален
  • Групна 

Како се спроведува вежбата:

  • Одделението може заеднички да ги дава своите одоговри за активноста која се наоѓа во крајниот дел од оваа дневна подготовка, но може и индивидуално да биде спроведена, каде секој ученик индивидуалнпо ќе ги пополни празните делови во активноста, според сликите прикажани на секое од прашањата.
  • Наставничката/кот на почетокот е пожелно да иницира разговор со своите ученици, за тоа дали е потребно да има простор помеѓу велосипед и автомобил, и колкаво е тоа растојание.

Потребни матријали:

  • Испечатен дел од вежбата за секој ученик
  • Молив/пенкало за пишување/пополнување празните делови од активноста

Очекувани резултати:

  • На крајот на активноста, учениците е потребно да имаат јасни и конкретни информации околу тоа колкав е важен просторот помеѓу велосипед и автомобил во сообраќајот

Времетраење на вежбата: 30 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Каде е велосипедот?

  1. Велосипедот е ________________________ колата.


  1. Велосипедот е ________________________ колата.

  1. Велосипедот е ________________________ колата.


  1. Велосипедот е ________________________ колата.

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе