Контрола со мала брзина

Вовед:

  • Оваа активност има за цел развивање на балансот при мала брзина и развивање на вештините за контрола, кои се од основно значење како подготовка за велосипедизам на патот. 

Цели:

  • Унапредување на вештинити за правилно и безбедно возење на велосипед. Развивање на баланс и контрола при мала брзина.

Методи и стратегии:

  • Учење преку пракса/практикување на самата активност

Форми на работа:

  • Индивидуален

Како се спроведува вежбата:

  • За да ја спроведете соодветно оваа активност потребно е да ги следите следниве неколку чекори. Во зависност од самата тежина на вежбата, можете сами да одлучите дали некои од чекорите кои се посериозни или потешки за практикување да ги прескокнете и да ги направите само оние чекори во зависност од можностите и вештините на учениците за возење на велосипед.
  • Пред самото спроведување на активноста имајте ја во предвид следнава мерка на претпазливост: 
  • Теренот треба да е доволно голем за да се одбегне меѓусебен контакт
  1. Слободно возење:
  • Поставете терени за вакво возење како на цртежот
  • Експериментирајте со поставеноста на теренот, посебно ако има и наклон
  • Велосипедистите почнуваат по овој терен и забрзуваат на соодветната линија
  • Велосипедистите бројат колку обележувачи ќе поминат додека возат слободно
Контрола со мала брзина 1.jpg
  1. Активности за подобрување:
  • За да се олесни активноста:
  • Оставете време за вежбање пред да се навлезе на теренот
  • Зголемете ја зоната за забрзување
  • Доближете ги обележувачие поблиску
  • Направете го теренот малку навален надолу
  • За да се отежне активноста:
  • Намалете ја зоната за забрзување
  • Видете до каде ќе стасаат велосипедистите само едно или две вртења на педалите.
  • Други идеи:
  • Пробајте седење или стоење
  • Имајте натпреварувачка сесија 
  1. Бавна трка:
  • Поставете терен за бавна трка како на цртежот
  • Сите нека се наредат во линија, со предното тркало на линијата
  • Кога ќе кажете СТАРТ, сите МОРА да тргнат
  • Велосипедистите треба да возат во права линија, најспоро што можат кон крајната линија цел
  • Секој велосипедист кој ќе ја спушти ногата на земја излегува од играта
  • Последниот кој ќе ја прејде крајната линија победува.
Контрола со мала брзина 2.jpg
  1. Активности за подобрување:
  • За да се олесни активноста:
  • Оставете време за вежби пред да го користите теренот
  • Оставете ги велосипедистите да спуштат една нога долу неколку пати
  • За да се отежне активноста:
  • Намалете го бројот на шанси кадешто велосипедистот смее да ја спушти ногата долу
  • Одржете ја бавната трка на угорница или удолница
  • Користете ленти. Велосипедистите не смеат да измрдаат од својата лента
  • Други идеи:
  • Пробајте седење или стоење
  • Управувајте со една рака
  • Прејдете од користење на кочници кон некористење. 
  1. ВАЖНО-Белешки за вежбање:
  • Кочете и вртете со педалите во исто време. Ова помага за одржување на рамнотежа
  • Нагодете ги велосипедите на најлесна (најмала) брзина
  • Насочете ги децата кон делот “Бавно движење” од Прирачникот за Велосипедисти
  • Охрабрете ги децата да ги вежбаат овие вештини
  1. Совети за вежбање:
  • Пробајте да движите најбавно што можете без да ја спуштите ногата долу
  • Кога навистина ќе се подобрите, треба да можете да го правите ова со кочниците и педалите за да ја контролирате брзината

Потребни материјали:

  • Обележувачи / конуси, пожелно во повеќе бои
  • Креда за на игралиштето 

Очекувани резултати:

На крајот на активноста, децата ќе имаат извежбано:

  • Бавно возење со баланс и контрола
  • Возење во ленти
  • Слободно возење и вртење

Времетраење на вежбата: 45-60 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Успешна Работилница на Темата Велосипедизам во Св. Климент Охридски – Драчево

Во училиштето Св. Климент Охридски – Драчево, ја реализиравме работилницата на тема велосипедизам, водена од Никола Нешковски. Оваа интерактивна обука беше дел од нашите напори да го промовираме одржливиот транспорт и здравите животни навики кај младите. Работилницата беше поделена на два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел, учениците добија основни познавања за типовите […]

Прочитај повеќе

Промовирана едукативна вело патека за деца и семејства во Пехчево

На Меѓународниот ден без автомобили, кој се одбележа во Пехчево, беше претставена нова едукативна содржина која ги поврзува љубовта кон природата, велосипедизмот и едукацијата. Едукативната Вело патека е поставена помеѓу градот Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, во соработка со „Еко логик“, „Вело Училишта“, основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, […]

Прочитај повеќе