Вовед:
- Со оваа активност учениците ќе научат подетални информации околу кочењето со велосипед. Ќе го унапредат своето знаење за инстинктивно кочење.
Цели:
- Унапредување на вештинити за правилно и безбедно возење на велосипед. Учење и вежбање на инстинктивно кочење.
Методи и стратегии:
- Учење преку пракса/практикување на самата активност
Форми на работа:
- Индивидуален
Како се спроведува вежбата:
- За да ја спроведете соодветно оваа активност потребно е да ги следите следниве неколку чекори. Во зависност од самата тежина на вежбата, можете сами да одлучите дали некои од чекорите кои се посериозни или потешки за практикување да ги прескокнете и да ги направите само оние чекори во зависнот од можностите и вештините на учениците за возење на велосипед.
- Пред самото започнување на оваа активност следете ги следниве мерки на претпазливост:
- Кога се користи просторот за запирање, да се осигураме дека сите парови на велосипедисти го напуштиле теренот пред да започнат следните двајца велосипедисти
- Јасно да се дефинира безбедна патека за велосипедистите што се враќаат
- Кога се работи на просторите за запирање, да се осигураме дека велосипедистите одржуваат простор колку за 1-2 велосипеди (во должина) еден со друг меѓусебно
- Основно кочење:
- Проверете дека сите велосипедисти знаат која рака управува со секоја кочница
- Велосипедистите нека одат со велосипедите понапред
- Искористете ја задната кочница цврсто и сигурно. Покажете како задното тркало лизга и како велосипедот не запира
- Искористете ја предната кочница цврсто. Покажете како велосипедот запира одеднаш, и како предниот дел запира.
- Прашајте која кочница запира најефикасно
- Разговарајте за заклучоците од ненадејно запирање со предна кочница
- Охрабрете ги децата да ги користат двете кочници умерено и постепено
- Простор за запирање:
- Поставете го просторот за запирање како на цртежот
- Оваа вежба е одлична подготовка за безбедно запирање во итни случаи
- Охрабрете ги велосипедистите да се седнати што е можно поназад на седиштето кога кочат
- Совети за вежбање:
- Користете ги двете кочници подеднакво
- Ако почнете да се лизгате, ослободете ги кочниците и повторно користете ги еднакво
- Кружни запирања:
- Поставете го кругот со обележувачи како на цртежот
- Охрабрете ги децата да зборуваат за негативните ефекти од лизгање (губење контрола, трошење на гумите, ефекти од вакви лизгања врз патеките во нашата животна средина, итн).
- Користете поени за повеќе внимание на брзо запирање без лизгање
- Фокусирајте се пред се на безбедно запирање додека сте седнати
- За време на оваа вежба, велосипедистите треба да возат бавно околу кругот, една минута, без да запираат
- Активности за подобрување:
- За да се олесни активноста:
- Почнете полека да вежбате
- Зоната за забрзување нека биде скратена
- Зоната за запирање нека биде подолга
- Користете креда за да нацртате линија за секоја фаза, т.е., фаза на забрзување, фаза на припрема за запирање, фаза на запирање.
- За да се отежне активноста:
- Скратете ја зоната за кочење
- Продолжете ја зоната за забрзување
- Додајте повеќе СТОП линии (на пример 5) во склоп на зоната за запирање. Дајте 5 поени за запирање на најблиската линија, а 1 за најдалечната.
- Поставете обележувач на точката за запирање за секој велосипедист. Секој од нив треба да проба да запре порано колку што може без да лизга со велосипедот.
- Други идеи:
- Поставете неколку стоп простори со различни нивоа по сложеност. Велосипедистите може да напредуваат со потешките нивоа.
- Следно, велосипедистите нека кочат додека стојат и ја префрлаат својата тежина наназад. Педалите треба да се израмнети за ова. Нека ја користат задната кочница пред да прејдат на користење предна, па две кочници одеднаш.
- ВАЖНО -Белешки за вежбање:
- Почнете со секоја активност бавно
- Осигурајте се дека велосипедистите гледаат напред
- Охрабрете ги велосипедистите да возат со покриени кочници кога се близу еден до друг, или близу до опасни места и пречки
- Охрабрете ги велосипедистите да ги користат кочниците подеднакво и плански
- Фокусирајте се пред се на запирање додека седите. Ако велосипедистите се самоуверени, тие може да прејдат на кочење додека стојат. Ова ќе им ја подобри контролата врз велосипедот, и исто така ова се користи за off-road возење. За возење во урбана средина, препорачливо е да се седи кога се кочи.
- Насочете ги децата кон делот “Користење на кочниците” од Водичот за Велосипедисти.
- Охрабрете ги децата да ги вежбаат овие вештини
Потребни материјали:
- Обележувачи / конуси, пожелно во повеќе бои
- Креда за на игралиштето
Очекувани резултати:
На крајот на оваа активност, децата треба да можат да:
- Запрат со велосипедите безбедно и без лизгање
- Изведат итно запирање
- Кажат која кочница има најдобар ефект на кочење
Времетраење на вежбата: 45-60 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |