Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини.

Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници:

Нивниот ентузијазам, креативен пристап и континуирана посветеност се одличен пример за тоа како училиштата можат да бидат двигатели на позитивни промени во заедницата преку одржлива мобилност.

Им благодариме на сите училишта што учествуваа и ја збогатија програмата Вело Училишта со своите идеи и активности. Ги охрабруваме учесниците да продолжат со истата енергија и во активностите за месец Декември, а новите училишта ги покануваме да ни се приклучат и да станат дел од оваа растечка заедница.

Автор Velo Schools

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе

ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари: Активно и инспиративно учество во Европската недела на мобилност 2025!

Во текот на Европската недела на мобилност 2025, учениците и наставниците од ООУ „Рајко Жинзифов“ – с. Горно Оризари, Велес активно се вклучија во различни едукативни и практични активности кои го промовираа безбедното, здраво и одржливо движење. Под водство на наставничките Есма Калач, Весна Јанковска и Анѓела Миладинова, низ училишниот двор и улиците на населеното […]

Прочитај повеќе