Нова станица од нашата безбедносна авантура!
Учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“ учествуваа во едукативни активности во спортската сала на училиштето, каде преку интерактивни игри, разговори и тимска работа, учеа како да се движат безбедно и одговорно низ својата околина.
Преку разговори, практични вежби и демонстрации, ги разработивме најважните теми:
🔹 Како правилно да се носи и прилагоди кацигата
🔹 Зошто е клучна за заштита од повреди
🔹 Како да се провери техничката исправност на велосипедот
🔹 Основни правила за движење со велосипед во сообраќај
🔹 Однесување на велосипедистите кон пешаците и другите учесници во сообраќајот
Учениците беа активни, заинтересирани и подготвени да го применат наученото во пракса.
Заеднички учиме дека безбедноста не е избор – таа е навика!
Оваа едукативна активност се реализира во рамки на проектот:
„Едукација за безбедност во сообраќај и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“.








