Повик до сите Вело членки: Вклучете се во изборот за „Вело училиште на месецот“

Европската недела на мобилност (16–22 септември) е време кога цела Европа заеднички го слави одржливото движење. Темата за 2025 година – „Мобилност за сите“ – го нагласува правото на секој поединец да има безбеден, достапен и еколошки начин на транспорт.

Во таа насока, Вело Училишта го објавува повикот за избор на „Вело училиште на месецот“ – иницијатива што ги охрабрува сите училишта членки да се приклучат со свои активности и да станат дел од оваа европска акција.

Што се очекува од училиштата?

Во периодот од 16 до 22 септември 2025 година, училиштата треба да:

  • организираат активности со учениците за промоција на велосипедизмот;
  • вклучат наставници, родители и локалната заедница во настани на тема „Мобилност за сите“;
  • осмислат нова едукативна или практична активност што ќе ја покаже креативноста на училиштето;
  • ги промовираат активностите преку социјалните мрежи и да го тагнат профилот на Вело Училишта.

Како ќе се избира?

Сите активности ќе бидат оценувани според: број и оригиналност, вклученост на учесници, видливост во медиуми, креативност и иновативност. Вкупниот број бодови е 100.

Награди

Училиштата што ќе освојат најмногу поени ќе добијат:
🏆 Сертификати за постигнување (на ниво на училиште и наставници)
🎁 Награди со велосипедска содржина
📢 Промоција преку официјалните канали на Вело Училишта

Зошто да се пријавите?

Со учество во овој повик, училиштата не само што ќе станат кандидати за „Вело училиште на месецот“, туку ќе се вклучат и во процесот за избор на „Вело училиште на годината“ – признание за континуираниот ангажман и лидерство во промоцијата на активна и одржлива мобилност.

📅 Краен рок за доставување на материјали: 30 септември 2025
📩 Пријавите се испраќаат на: veloschools.ecologic@gmail.com

Да ја искористиме оваа можност заедно да покажеме како училиштата во Македонија можат да бидат двигатели на позитивни промени и вистински примери за одржлива иднина.

Автор Velo Schools