Промовирана едукативна вело патека за деца и семејства во Пехчево


На Меѓународниот ден без автомобили, кој се одбележа во Пехчево, беше претставена нова едукативна содржина која ги поврзува љубовта кон природата, велосипедизмот и едукацијата. Едукативната Вело патека е поставена помеѓу градот Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, во соработка со „Еко логик“, „Вело Училишта“, основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, Општина Пехчево и Едукативниот центар во Негрево.

Поддржана од Швајцарската Програма за зачувување на природата (ПЗП), оваа патека има за цел да го поттикне рекреативниот туризам за деца и семејства во овој живописен регион. Со должина од 6.5 километри и висинска разлика од 200 метри, вело патеката е погодна за почетници и семејства кои сакаат активно да го поминат времето во природа. Трасата вклучува 15 едукативни табли, каде посетителите можат да научат за основите на велосипедизмот, правилното возење на различни терени, различни типови велосипеди и основно одржување на велосипедите.

Оваа иницијатива не само што ги едуцира децата и нивните родители за важноста на физичката активност и правилната употреба на велосипедот, туку и ја промовира природната убавина на регионот Пехчево. Со патеката, се истакнува и потенцијалот за развој на рекреативен туризам, привлекувајќи семејства од целиот регион и надвор од него.

Со промоцијата на Вело патеката, регионот Пехчево станува уште попривлечен за сите кои сакаат да го комбинираат активниот одмор со учење за природата и спортот.

Автор Velo Schools

ООУ „Аврам Писевски“ – Скопје

Преку игри, практични примери и тимска работа, учениците учеа како безбедно и одговорно да се движат низ урбаниот простор. Учениците и наставниците со голем интерес се вклучија во активностите од проектот:„Едукација за безбедност во сообраќај и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“.

Прочитај повеќе

A Guide to Organizing Sustainable Cycling Events

Velo Schools is committed to promoting cycling as a sustainable and healthy mode of transportation. Through the Re-Cycling: Bike Reuse and Riding Fair project, we have worked to integrate circular economy principles into cycling events, ensuring they are environmentally friendly, well-organized, and engaging for the community. Our Guide for Grassroots Cycling and Recreational Events provides […]

Прочитај повеќе