Вовед:
- Со оваа лесна и едноставна, а сепак едукативна активност учениците ќе имаат можност визуелно да се запознаат со неколку од деловите на еден велосипед. Преку поврзување на сликата со соодветниот збор, ги учат некои од деловите на велосипедот.
Цели:
- Учење и меморирање на некои од деловите на еден велосипед
Методи и стратегии:
- визуелен метод на учење
Форми на работа:
- Индивидуална работа (секој ученик посебно добива примерок и ја извршува активноста)
- Групна (одделението се дели во помали групи и секоја од групите дава заеднички одоговор)
Како се спроведува вежбата:
- Вежбата се спроведува многу едноставно. Споделете примероци со сите ученици и прочитајте го на глас краткото упатство за спојување на сликите со соодветниот збор.
- Имајте во предвид на почетокот дека секој од учениците ги знае деловите на велосипедот кои се прикажани на сликите во активноста.
Потребни матријали:
- Примерок од активноста за секој ученик посебно или за секоја груп доколку се работи во групи
- пенкало или молив
Очекувани резултати:
- Учење и меморирање на некои од деловите на еден велосипед
Времетраење на вежбата: 10-15 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |
Спој ја сликата од левата страна со соодветниот збор кој се наоѓа од десната страна:
Педала
Задно светло
Ѕвоно
Кошница/Корпа
Предно светло
Носач/Багажник