Вовед:
- Со оваа активност учениците ќе имаат можност визуелно да се запознаат и да ги научат дел од сообраќајните знаци. Нивното учење и меморирање е од особено значење за поедноставно снаоѓање во сообраќајот
Цели:
- Запознавање и учење на сообраќајните знаци
Методи и стратегии:
- Визуелен метод на учење
- Перцепција и меморија
Форми на работа:
- Индивидуален
- Групна работа
Како се спроведува вежбата:
- Преку разговор и дискусија со учениците се учат и меморираат сообраќајните знаци кои се наоѓаат на крајот од оваа дневна подоготовка.
- Дополнително можете да ги поттикнете оние што ги имаат меморирано да ги нацртаат на лист хартија
Потребни матријали:
- Испечатен дел од вежбата за секој ученик
Очекувани резултати:
- Учење и меморирање на сообрќајните знаци (барем на дел од нив)
Времетраење на вежбата: 30-40 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com