-каква облека ни е потребна за возење велосипед, во зависност од времето
Вовед:
- Со спроведување на оваа активност, учениците ќе се запознаат со тоа каква облека е потребно да носат додека возат велосипед. Во зависност од тоа дали е сончево или врнежливо времето, соодветната облека е еден од најважните услови и предзнаења за да може едно патување со велосипед да се испланира во целост.
Цели:
- Учење на основни информации за соодветната облека додека возиме велосипед, во зависност од временските услови
Методи и стратегии:
- Визуелен метод на учење
- Креативен метод на учење
- Перцепција и меморија
Форми на работа:
- Индивидуален
Вид на активноста:
- Секој ученик индивидуално ја пополнува приказната за Александар и Сандра и кој вид на облека треба да понесат/облечат додека возат велолсипед.
Како се спроведува вежбата:
- Секој ученик во одделението треба да добие еден примерок од приказната за Александар и еден примерок од приказната за Сандра. Приказните се наоѓаат на крајот од ова дневна подготовка. На самиот почеток разговарајте со вашите ученици околу различните видови на облека која е наменета за возење на велосипед. Дури потоа, споделете им ги и двете приказни за да можат да ги пополнат празните места.
Потребни матријали:
- Испечатен дел од вежбата за секој ученик
- Молив/пенкало за пишување/пополнување на кратките приказни
Очекувани резултати:
- Учење за основниот вид на облека, потребна додека се вози велосипед
Времетраење на вежбата: 30 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |
Одбери соодветна облека за Александар и Сандра.
Ова е Александар. Тој ќе го вози својот велосипед. Денес времето е сончево и топло.
Александар носи маичка и еден пар …………………….. Тој си носи и шише со ………………………и ги
става неговите………………………за сонце. Тој е подготвен да го вози својот велосипед!
Ова е Сандра. Таа ќе го вози нејзиниот велосипед. Денес времето е врнежливо и ладно.
Таа ја става својата марама, нејзините …………………. и нејзините…………………….. М, и фали можеби и нејзината розева……………………….
Сега таа е подготвена да го вози нејзиниот велосипед!