Вовед:
- Велосипедскиот клуб е програма која е бесплатна или со ниски трошоци. Учениците учествуваат во велосипедските активности, вежбаат вештини за возење велосипед, и учат основна грижа и одржување на велосипедот додека добиваат шанса да си ја изградат самодовербата како велосипедисти во една забавна средина со други ученици.
Цели:
- Формирање на училишен велосипедски клуб каде учениците ќе имаат можност да ги унапредат своите велосипедски вештини, да се стекнат со нови знаења, стекнат нови пријателства, како и одлично се забавуваат додека возат велосипед.
Форми на работа:
- индивидуален
- групна/тимска работа (одделението се дели во помали тимови или групи од по 4 или 5 ученика)
Вид на активноста:
- Велосипедските клубови се за ученици од 4то одд. или постари, и кои ги имаат потребните возачки и одлучувачки вештини за да ги управуваат своите велосипеди на патот. Водачите на велосипедските клубови треба да имаат доволно знаење и да се примери за ентузијазам кои инспирираат и едуцираат ученици да возат велосипед со самодоверба. Велосипедските клубови им даваат возачки вештини на учениците, поситивно охрабрување, самодоверба, и прават на позитивен начин да сретнат и запознаат пријатели, додека се учествува во здрави физички активности.
Како се спроведува вежбата:
Фактори за започнување и планирање на училишен велосипедски клуб:
- Добивање поддршка од училишниот персонал и родителите.
- Креирање првични конекции со локалните ресурси за поддршка.
- Промовирање на идејата со учениците за повеќе интерес и вклучување на нивните идеи.
- Промовирање и рекламирање на клубот како забавна активност за вклучување.
- Работење со учениците учесници за формирање клуб активности, цели, и правила.
- Одржување настани и славење на успесите.
- Информираност и согласност, фото-промоција на формулари за учесниците и семејствата.
- Начини за обезбедување на клуб учесниците до пристап на велосипеди и безбедносна опрема.
- Простор (внатре и/или надвор) за клуб состаноци, активности, и складирање.
- Листа на настани во неочекувани услови.
Важни информации:
- Како и со секој ученички клуб, велосипедскиот клуб успева врз база на ентузијазам и интерес од неговите членови. Учениците треба да се вклучени во креирање активности и бирање на патеки и дестинации, за да се вклучат во клубот и да добијат вештини кои се потребни за независно возење велосипед.
- Велосипедскиот клуб се заснова на учество од учениците кои имаат пристап до велосипеди – или нивни или обезбедени од училиштето/клубот. За училишта во заедници со помал буџет, програмата Заработи-Велосипед или Возење Велосипед во Заедницата е добар начин за сите клуб членови или за училиштето, да се обезбедат со велосипеди за клуб активностите.
- Постојаноста е важна за секој клуб после часовите. За велосипедски клуб, ова може да значи посветени клуб водачи кои овозможуваат постојани активности и настани. Исто така, може и да е потребно поголем избор на активности поврзани со велосипеди, за да се осигура дека клубот е активен во зима и кога времето е неповолно за возење. Ова е перфектно време за фокус на лични вештини како планирање на патеките; забава, формирање групни активности како филмови; и одржување на велосипедите и механиката.
Потребни материјали:
- Со самото формирање на училишниот велосипедски клуб, постешено ќе увидувате кои ви се потребните материјали (алат, простор за соодветно чување на велосипедите, и сл.)
Очекувани резултати:
- Формирање и одржување на училишниот велосипедски клуб преку целата училишна година.
*Дополнителни информации за наставникот:
Варијација: Велосипедски Клуб на Заедницата
Поставување на велосипедски клуб во партнерство со група од заедницата е добра опција за ушилиштата кои немаат експертиза или ресурси за поставување и раководење на клуб. Велосипедски или атлетски клуб, заедница или младински центри – билокоја група од заедницата која работи со млади луѓе и се фокусира на физичка активност или на активности на отворен простор е добар партнер.
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |