ЕДУКАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈ И АКТИВНА МОБИЛНОСТ КАЈ ОБРАЗОВЕН ПЕРСОНАЛ И УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА НИВО НА ОПШТИНА КАРПОШ

Проектот „Вело училишта – Безбедно и активно до училиште“ има за цел да ја зајакне културата на безбедност во сообраќајот и да ја поттикне активната мобилност кај учениците и наставниците во основните училишта на општина Карпош. Иако општината важи за една од најурбаните во Скопје, зоните околу училиштата се сè уште небезбедни за пешачење и велосипедизам, што директно ја загрозува безбедноста на децата. Проектот се фокусира на едукација и ангажирање на наставниците и учениците преку теоретски и практични активности, со акцент на воведување на одржливи, здрави и безбедни начини на движење. Преку иновативни пристапи, како едукативни игри и работилници, проектот има за цел да ги подигне капацитетите на училиштата и да ја зајакне свеста за важноста на активното учество во сообраќајот.


Клучни активности

А1: Обуки за наставници

  • Организација на целосна обука за 20 наставници од 10 основни училишта.
  • 8 часа теоретски дел (презентации + онлајн платформа) и 4 часа практичен дел.
  • Фокус на наставниците по физичко образование од предметна и одделенска настава.
  • Обуките ќе се реализираат во просториите на Вело Училишта и училишните дворови.

А2: Едукативни пакетчиња за училиштата

  • Секое училиште ќе добие 6 копии од едукативната игра „Вело патека“, наменета за ученици од 10–14 години.
  • Играта содржи: едукативни картички, мисии, прирачник и платформи за игра.
  • Целта е преку игра да се развијат знаења за безбедност во сообраќајот и одржлива мобилност.

А3: Практични активности со ученици

  • Организација на игри и практични вежби поврзани со движење во сообраќај, баланс, возење велосипед и справување со нерамни терени.
  • Активностите ќе се одвиваат во училишните дворови и блиски зелени површини.
  • Целта е преку забава и физичка активност да се поттикнат здрави навики кај децата.

А4: Поддршка за вклучување на темите во наставата

  • Интеграција на темите за безбедност и активна мобилност во наставни и воннаставни активности.
  • Поддршка за наставниците да ги применуваат стекнатите знаења и по завршување на проектот.

Автор Velo Schools

Училишни улици

Референца на проектот: 2024-1-HU01-KA220-SCH-000245303Акроним на проектот: School StreetДатум на почеток: 01.11.2024Времетраење: 24 месециДатум на завршување: 31.11.2026Координатор на проектот: Vuelta Sportegyesület (Унгарија)Партнерски организации: Velo Schools (Македонија), FUNDATIA COMUNITARA MURES (Романија), Voetgangersbeweging vzw (Белгија) Цел на проектот:Општата цел на проектот е да се имплементира сосема нова иницијатива во Унгарија, Романија и Македонија, која може да придонесе кон […]

Прочитај повеќе

Формулирање на Интегриран Акциски План за Урбано-Рурална Мобилност

Датум на започнување: 01.06.2023Датум на завршување: 31.12.2025Координатор на проектот: Creacció Agència d’Emprenedoria од Вик – ШпанијаПроектни организации: Santa Maria da Feira – Португалија, Machico – Португалија, Hradec Kralove – Чешка Република, Szabolcs 05 – Унгарија, Tartu – Естонија, Bram – Франција, Интеркомунална развојна асоцијација за јавен превоз Букурешт-Илфов – Романија, Тревизо – Италија, Општина Кочани – Северна Македонија, Вело […]

Прочитај повеќе