Maпа на опасност / ризик

Активност 2: Мапа на опасност/ризик

Вовед:

  • Како патувањето до училиште биде интерсно, активно но пред се безбедно?
  • Патување активно до школо е одличен начин за млади луѓе да направат многу од вежбите што им требаат за тие да останат здрави, додека доказите покажуваат дека тие исто така стануваат побудни и подготвени за да учат. Оваа активност нуди забава и ангажирање активности базирано на веловозење, пешачење и скутерување (скутери/тротинети) што можат лесно да се вклопат во зафатениот школски ден.

Цели:

  • Учениците ги идентификуваат потенцијалните опасности/ризици што тие ги доживуваат на нивното патување до школото.

Методи и стратегии:

  • Метод на разговор и развивање на дискусија
  • Перцептивен метод (што учениците забележуваат на своето патување до училиште и назад)

Форми на работа:

  • Индивидуален

Како се спроведува вежбата:

  • Учениците го исцртуваат нивното патување до школото, не со улици или растојанија, туку со она што тие го приметуваат како можни проблеми, или непријатни ситуации. Тие би можеле да напишат список на зборови или ситуации или да опишат различни особености – можеби прометни улици, лоши крстосници, валкани автобуси, други училишта, лошо осветлување или дури и кучешки измет (ние го откриваме прилично). Тоа би можело да биде дури и времето.
  • Учениците го споредуваат својот список со оној од друг ученик. Дали има заедничка тема во класот и какви проблеми се идентификувани најмногу? Дали две деца на истото патување идентификуваат различни проблеми? Дали тоа би било различно ако оваа вежба  се врши во различна сезона? Вие би можеле да добиете локални мапи другпат  и навистина да внесете патеки и да идентификувате подобри алтернативи – користејќи совети од други деца

Потребни матријали:

  • Лист хартија
  • Молив/пенкало

Очекувани резултати:

  • Согледување и воочување на сите опасности/ризици на секојдневното патување до училиште и назад.

Времетраење на вежбата: 20 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе