Училишни улици

Референца на проектот: 2024-1-HU01-KA220-SCH-000245303
Акроним на проектот: School Street
Датум на почеток: 01.11.2024
Времетраење: 24 месеци
Датум на завршување: 31.11.2026
Координатор на проектот: Vuelta Sportegyesület (Унгарија)
Партнерски организации: Velo Schools (Македонија), FUNDATIA COMUNITARA MURES (Романија), Voetgangersbeweging vzw (Белгија)

Цел на проектот:
Општата цел на проектот е да се имплементира сосема нова иницијатива во Унгарија, Романија и Македонија, која може да придонесе кон остварување на целите на партнерите во областа на подобрување на секојдневното возење велосипед. Користејќи го огромното искуство на белгискиот партнер во дизајнирање и имплементација на училишни улици, партнерите ќе развијат насоки за планирање и имплементација на училишни улици за основни училишта и општини, кои може да се применат во секоја европска земја.

Активности на проектот:
Главната цел на проектот е развој на насоки за планирање и имплементација на училишни улици за основни училишта и општини. Локалните активности имаат за цел организирање на пилот настани (на пр. Ден без автомобили), „споредни настани“ (на пр. педибус, бицибус) и слично.
Комуникациските активности на партнерите имаат за цел ширење на резултатите од проектот.
Проектните состаноци ќе им овозможат на партнерите редовно да дискутираат лично за секој аспект на проектот и за следните чекори во развојот.

Резултати од проектот:
Главната цел е развој на насоки за планирање и имплементација за основни училишта и општини, кои може да се споделуваат во секоја земја-партнер и да се адаптираат во секоја европска земја.
Локалните пилот-проекти ќе покажат дека не е невозможно да се организираат училишни улици во Унгарија, Романија и Македонија.
Проектот придонесува за градење на капацитетите на партнерските организации на локално, национално и меѓународно ниво преку стекнување искуство во областа на дизајнирање на училишни улици.

Автор Velo Schools

Trails of Change: Ново Erasmus+ патување за одржливо движење на отворено

Утре официјално го започнуваме Erasmus+ проектот „Trails of Change“со првиот Kick-off состанок, кој се одржува во Финска. Овој состанок го означува почетокот на една две и пол годишна соработка со проектни партнери од повеќе европски земји, обединети околу заедничка визија – одржливо, инклузивно и активно користење на просторот на отворено. Во наредниот период, проектот ќе […]

Прочитај повеќе

ЕДУКАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈ И АКТИВНА МОБИЛНОСТ КАЈ ОБРАЗОВЕН ПЕРСОНАЛ И УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА НИВО НА ОПШТИНА КАРПОШ

Проектот „Вело училишта – Безбедно и активно до училиште“ има за цел да ја зајакне културата на безбедност во сообраќајот и да ја поттикне активната мобилност кај учениците и наставниците во основните училишта на општина Карпош. Иако општината важи за една од најурбаните во Скопје, зоните околу училиштата се сè уште небезбедни за пешачење и […]

Прочитај повеќе