Вело Блог

Прочитај, раскажи, сподели…

Какво чувство Ви буди возењето на велосипед? Среќа, полет, слобода или можеби нешто друго?

Сакате индивидуално да возите или пак во друштво?

Дали се сеќавате кога за прв пат успеавте сами да возите велосипед и да стигнете до посакуваната дестинација?

Раскажете ни некое ваше патување со велосипед? Низ каква околина сте возеле? Колку долго траело вашето патување со велосипед? Со што сте се соочиле во текот на патувањето? и сл.

Имате ли интересни случки кои заслужуваат да бидат споделени со останатите?

Вашите чувства, случки, предизвици, ги пренесуваме во нашиот вело дневник преку нашите и ваши вело приказни. Велосипедизмот е тема која зближува, радува, мотивира и не активира.

Ги повикуваме сите семејства, родители, млади луѓе, вело ентузијасти и професионалци да ја споделат својата вело приказна и да ги инспирираат и останатите да го практикуваат велосипедот секојдневно.

Следејќи го темплејтот, испрати ја твојата вело приказна на следната меил адреса:

Темплејт за вело приказни

veloschools.ecologic@gmail.com

Промовирана едукативна вело патека за деца и семејства во Пехчево

На Меѓународниот ден без автомобили, кој се одбележа во Пехчево, беше претставена нова едукативна содржина која ги поврзува љубовта кон природата, велосипедизмот и едукацијата. Едукативната Вело патека е поставена помеѓу градот Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, во соработка со „Еко логик“, „Вело Училишта“, основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, […]

Прочитај повеќе

МИНИ ВЕЛО РОДЕО за Деца и Родители во Кочани

На 20.09, преку Вело Училишта, во соработка со Општина Кочани, организиравме велосипедски настан за деца и родители во градскиот парк во Кочани. Овој настан беше уникатна прилика да ги едуцираме најмладите во поглед на одржливата мобилност и да создадеме заедничка визија за улиците што сакаме да ги видиме во нашите градови. Целта на настанот беше […]

Прочитај повеќе

Завршна конференција на проектот „Re-Cycling – Bike Reuse and Riding Fairs“

Во вторник, на 17-ти септември, завршниот настан на проектот „Re-Cycling – Bike Reuse and Riding Fairs“ се одржа во Каса Ломбардија, Брисел. Овој настан означи значаен успех за проектот, кој има за цел да ја промовира употребата на велосипеди кај децата и младите, преку перспектива на циркуларна економија и одржливост. Настанот беше полн со позитивна […]

Прочитај повеќе

Euro’Meet 2024: Платформа за еколошка одржливост, благосостојба и социјална инклузија

Euro’Meet 2024 се одржа од 10 до 12 септември 2024 година на кампусот во Лече, нудејќи уникатна можност за дискусија и иновации во областа на еколошката одржливост, благосостојба и социјална инклузија. Одржливост и благосостојба Euro’Meet 2024 беше многу повеќе од конференција. Преку работилници и конференции, учесниците открија нови технологии и стратегии за намалување на еколошкиот […]

Прочитај повеќе

Искачување на Килиманџаро со велосипед

Ова беше долго планирана авантура, која се одложи поради појавата на ковид-19, но не се откажа. Најдовме начин како да ја реализираме, и тоа 100 отсто успешно. Идејата беше сите шестмина од тимот да се качиме и да се симнеме, тројца со велосипед, тројца со планинарење. А дополнително сакавме и да испишеме историја во македонскиот планински велосипедизам и првпат да го допреме врвот на Африка со велосипед.

Прочитај повеќе