Вело Муабет со…

Сите моменти добиваат на значење кога ќе се споделат со останатите.

Преку серијалот на емисии „Вело муабет со…“ ќе разговараме, споделуваме размислувања, идеи за подобрување за вело културата и како да изградиме вело градови во нашата држава.

Едукатори, наставници, велосипедисти, ученици, институции итн. ќе имаат можност да пренесат што ги прави среќни или што би можело да се направи подобро на тема велосипедизам.

Ќе имаме пофалби, но и критики. Ќе имаме теорија, но и практика. Ќе имаме споделување на лично размислување, но и дискутирање. Во едно, сите ќе сме едногласни- љубов кон велосипедизмот!

Прва македонска велосипедска експедиција на вулканот Охос Дел Саладо

Со поместување на невозможните граници се зголемуваат хоризонтите на човештвото. На почетокот на оваа година нашиот колега Никола Нешкоски, со неговиот пријател Илија Деревјов, ја поместија границата и беа дел од Првата македонска велосипедска експедиција на највисокиот вулкан на светот Охос Дел Саладо (6893 мнв) и со тоа докажаа дека со велосипед на грб, човекот […]

Прочитај повеќе