ИЗБИРАЊЕ ВЕЛОСИПЕД ЗА МЕНЕ И МОИТЕ ПОТРЕБИ

Возете паметноПостојат разни видови велосипеди. Кога избираме велосипед за нас добро е да внимаваме на неколку компоненти. Стилот на возење го определува типот на велосипедот. Доколку велосипедот е наменет за велосипедски патеки или пак сакаме со него да спортуваме или да возиме во природа, според тоа и се одредува каков велосипед да се одбере. Нашата физиономија исто така одредува кој велосиед и која големина е посакувано да одбереме. Без разлика на кој и да е тип на велосипед ергономичноста е на прво место. Секако на крај според буџетот лицето кое ви ги претставува моделите на велосипеди посакувано е да ви ги понуди оние во рамки на буџетот кој што сте го одредиле за велосипед. За крај пред да го одберете вашиот нов велосипед, направете пробно возење за да се уверите дали тој велосипед ви одговара.

Автор Velo Schools