М-проверка

Скоро секое дете е запознаено со концептот и формата на велосипедите, меѓутоа запознаеноста со велосипедските делови дозволува основна проверка, со цел да биде велосипедот безбеден и сигурен, како и секое патување со велосипед биде безбедно, удобно и забавно.

Со оваа активност преку визуелен метод и практично учење, децата ќе имаат можност брзо, лесно и едноставно да ја совладаат М-велосипедската проверка, како и нејзина практична примена.

Како се спроведува самата активност:

  • Учење за функцијата на велосипедот, механиката и одржувањето е одличен начин да се заинтересираат учениците за темата велосипедизам.
  • Наставникот најпрво ги чита на глас секој од долунаведените чекори, а потоа заедно со учениците може да одат чекор по чекор.
  • Следењето на долунаведените чекори ќе овозможи секој ученик соодветно да ги разбере сите функции на велосипедот, но и како да направи брза проверка.
  • Главните компоненти за проверка за лесно, безбедно и пријатно возење се: рачки за управување, гуми, кочници за запирање, тркала, педали, ланец/верига, брзини за променување

Потребни материјали:

  • Минимум еден велосипед на лице место за да може неколку ученици заедно да ја праткикуваат целосно оваа активност
  • Следете ги информациите што се наоѓаат во делот М проверка, за да имате во предвид што конкретно ви е потребно за да ја извршите оваа активност на својот велосипед.

Очекувани резултати:

После спроведувањето на оваа активност децата ќе научат како да ја прават М-проверката на сопствените велосипеди, секогаш кога ќе им биде потребна.

Времетраење на активноста:

30 минути

Дополнителни информации:

Споделуваме и дополнителен линк, кој ќе ви послужи во текот на спроведувањето на активноста:

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе