Како што знаете организацијата Еко Логик традиционално го одбележува денот на планетата Земја во с.Богомила. Овој пат во дворот на нашата членка ООУ„Петре Поп Арсов“ по осми пат се организираше познатиот велосипедски настан ВЕЛО РОДЕО каде што беа поставени различни видови на интересни вежби.
Организирањето на настанот ВЕЛО РОДЕО има за цел да го промовира велосипедизмот како средство за еколошки транспорт и како начин на забава каде што учениците ќе имаат можност да се запознаат со повеќе детали и факти при движењето во собраќајниот метеж. Учениците кои присуствуаа имаа за можност да ги совладаат препреките кои беа поставени и да ги покажат своите велосипедски вештини.