Вело Родео-с.Блатец, Виница

За време на одржувањето на патрониот празник на нашата членка ООУ„Кочо Рацин“ – с.Блатец беа организирани различни активности од спортски и забавен карактер.
Организацијата Еко Логик беше дел од одбележувањето на празникот и за таа цел по седми пат го организираше познатиот настан ВЕЛО РОДЕО овој пат од забавен карактер. За време на настанот учествуваа и учениците од ООУ„Гоце Делчев“ –Виница, ООУ„Никола Парапунов“- с.Драгобраште и ООУ„Славчо Стојменски“- Виница.
ВЕЛО РОДЕО е настан кој има за цел да го промовира велосипедот како еколошко средство за транспорт, бенефитите од истиот како и да им овозможи на учениците да научат и да се запознаат со повеќе детали и факти кои ќе им помогнат при движењето во сообраќајниот метеж. Во училишниот двор беа поставени различни видови на вежби каде што учениците имаа можност да ги покажат своите велосипедски вештини (сигнализација, контрола, баланс, тргнување, забрзување и запирање).

Автор Velo Schools

Вело Родео-с.Богомила, Чашка

Како што знаете организацијата Еко Логик традиционално го одбележува денот на планетата Земја во с.Богомила. Овој пат во дворот на нашата членка ООУ„Петре Поп Арсов“ по осми пат се организираше познатиот велосипедски настан ВЕЛО РОДЕО каде што беа поставени различни видови на интересни вежби.

Прочитај повеќе