Видови велосипеди

Постојат различни видови на велосипеди! Меѓутоа најдобриот начин децата и младите да се запознаат со истите е тој да биде креативен, забавен и иновативен.

Преку визуелен и аудитивен метод на учење, преку користење и развивање на својата имагинација и креативност, преку работа во парови или групна форма на работа, учениците ќе имаат можност да ги нацртаат различните видови на велосипеди, слушајќи го описот на друг ученик, кој ќе има визуелен приказ пред него.

Како се спроведува самата активност:

  • Начин 1: Поделете ги учениците во парови. Потребно е да бидат свртени со грб еден према друг, односно да не се соочуваат. Едниот ученик добива слика/цртеж на велосипед, и почнува да опишува што гледа на сликата без да открие што е тоа. Слушајќи ги инструкциите и описот, другиот ученик од парот почнува со цртање.
  • Начин 2: Ученикот што е задолжен да го црта она што ќе му биде опишано, е да има можност да поставува кратки прашања за велосипедот, како на пример: Какви гуми има велосипедот? (мазни, големи, мали итн..), Дали има крампони на гумите? Дали со тој вид на велосипед можам да возам на планина? Дали со велосипедот можам да возам на нерамен терен? Дали велосипедот има амортизер-колку, преден/заден, и двата? и сл.
  • Идејата на оваа активност е да се види каков цртеж ќе произлезе, без да се види истиот.

Сликите од велосипедите можете да ги превземете од следниот:

Потребни материјали:

  • Листови хартија
  • Молив/пенкало/боици
  • Слики/цртежи од велосипеди

Очекувани резултати:

  • Преку спроведување на оваа активност, учениците ќе имаат можност да се запознаат со различните видови на велосипеди и нивната примена.
  • Развивање на креативност и имагинација.

Времетраење на активноста:

30-40 минути.

Дополнителни информации:

Споделуваме со вас и дополнителни линкови кои можете да ги искористите за спроведување на активноста:

https://spokester.com/blogs/news/types-of-kids-bikes-the-busy-parents-guide

https://www.centurycycles.com/buyers-guides/bicycle-types-how-to-pick-the-best-bike-for-you-pg9.htm

Мотивирајте ги учениците да ги опишуваат деталите, со поставување на кратки и конкретни прашања:

  • Какви кочници има велосипедот?
  • Какво е седлото?
  • Каква е бојата на целиот велосипед?
  • Дали има корпа?
  • Какви се педалите (пластични, алуминиумски, железни)? и сл.

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе