Во првите месеци од годината, Вело Училишта продолжи со активности насочени кон безбедност, знаење и создавање здрави навики кај учениците. Преку интерактивни игри, квизови и практични задачи, децата учеа за деловите на велосипедот, заштитната опрема и правилата во сообраќајот но и за тимската работа и одговорноста во заедницата..
Активностите во училиштата покажаа дека кога учењето е забавно, знаењето останува трајно. Учениците преку игра го разбираат значењето на безбедното движење, а истовремено развиваат самостојност и самодоверба. Безбедниот пат до училиште е првиот чекор кон активен и здрав животен стил.
Паралелно, ја нагласивме и еколошката димензија на велосипедизмот. Користењето велосипед во секојдневието значи помал сообраќај, почист воздух и поодржливи градови. Малите промени во детството создаваат големи навики во иднината.
Во овој период ги следевме и светските трендови во велосипедизмот – од нови безбедносни стандарди и технологии, до развој на велосипедски патеки и раст на активната мобилност како урбано решение. Сите овие промени ја потврдуваат истата порака: иднината на градовите е поактивна, побезбедна и позелена.
Вело Училишта продолжува да ја гради таа иднина заедно со учениците, наставниците и заедницата



